Сокотера Битола дел од Сокотаб Групацијата https://www.socotab.com/ која е мултинационална компанија основана во 1923 година, светски водечки преработувач и трговец на ориентален тутун, а од скоро и лешник, со свои претставништва во Швајцарија, Турција, Бугарија, Грција и Македонија.

Сокотера е најголемиот одгледувач на лешник во земјата со површини од над 500 ha, кои се протегаат на 3 локации: Алинци, Костинци и Росоман.

Станете дел од тимот кој создава вредност и гради иднина и пријавете се на следниот Оглас:

 Агроном во овоштарник
1 (еден) извршител

Локација на работа: овоштарници со лешник во Алинци (Пелагонија), Костинци и Росоман

Твојата улога:

  • Агрономот е одговорен за планирање, организирање и спроведување на сите агрономски активности во овоштарниците со цел постигнување висок принос и конзистентен квалитет на производството. Преку континуиран мониторинг на насадите, обезбедува навремена примена на агротехнички мерки, оптимално наводнување и фертиригација, како и ефективно управување со штетници и болести;
  • Ја следи продуктивноста и квалитетот во сите фази на производствениот циклус, активно идентификува можности за подобрување и обезбедува ефикасна организација и контрола на агрономските активности;
  • Обезбедува доследна примена на Добри земјоделски практики (GAP) и стандарди за квалитет, координира релевантни оддели и дава техничка поддршка, обука и насоки на теренскиот персонал и земјоделците, учествува во договарање на фармери, мониторинг и откуп. Дополнително, придонесува во процеси на сертификација, регулаторна усогласеност, буџетирање и води точна евиденција и извештаи за производството и квалитетот.

Што нудиме:

  • Конкурентна плата која одговара на твоите одговорности и компетенции;
  • Регрес за годишен одмор (К15) во износ повисок од законски предвидениот;
  • Новогодишен надоместок;
  • Организирана исхрана;
  • Користење на службено возило;
  • Работа со искусни професионалци во мултинационална работна средина ослободена од предрасуди;
  • Континуиран развој (коучинг и обука на работното место, обуки, сертификација, учество во работни групи и проекти на компанијата).

Твоите вештини и способности:

  • Способност за преговарање и вмрежување;
  • Тимска работа и соработка;
  • Добри менторски, комуникациски и организациски вештини;
  • Познавање на англиски јазик и компјутерски вештини;
  • Развиени стратешки и аналитички способности;
  • Управување со ризици преку нивна идентификација, анализа и намалување на влијанието врз работењето.

Нашиот кандидати:

  • Пожелно да има 3 години релевантно работно искуство;
  • Има факултет за земјоделски науки и храна (предност катедра Овоштарство);
  • Има познавање на одгледување на лешници или одгледување на други овошни култури;
  • Искуство во користење и примена на средства за заштита на растенијата;
  • Го предизвикува работа во мултинационална компанија во областа на производството со јасно утврдени правила и процедури.

Сите заинтересирани кандидати можат да ги достават своите апликации преку белото копче Аплицирај најдоцна до 15.06.2026 година.

*Сокотeра Битола го задржува правото да направи избор во рамките на законски предвидените рокови. Само кандидатите кои ги исполнуваат барањата на позицијата ќе бидат контактирани.

** Сокотера Битола се обврзува личните податоци на кандидатите да ги употребува само за потребите на процесот на регрутација. Податоците ќе се чуваат и обработуваат согласно одредбите на Законот за заштита на лични податоци.