fbpx

Аплицирај.мк

Сакаме да го создадеме најдоброто искуство за сите Вас кои барате работа.
Нашата Цел е да Ви помогнеме да ја најдете Работата која ја посакувате!

Нашиот тим започна посветено да работи кон Целта, со олеснување на патот кон вработување за активните баратели на работа, преку објавување на транспарентни информации, податоци и Огласи од Компании, Институции и наши Партнери. Притоа, внимаваме на секој детал, затоа што за Нас е значајно секое индивидуално доживување и посакуваме секој наш посетител да има уникатно искуство дека навистина се наоѓа на Најдобриот веб-сајт за пребарување Огласи за работа.

Веруваме дека со нашата работа ќе успееме во тоа.

Изграден врз основа на зголемување на транспарентноста на работното место, Аплицирај.мк ги нуди најновите Огласи за работни позиции, податоци за Компании, извештаи за плата и ниво на позиција, прегледи за бенефити, компаниски фотографии и повеќе. За возврат, активните баратели на работа се повеќе информирани и полесно донесуваат одлука за кои работни места и Компании да аплицираат и кон чии тимови сакаат да се приклучат.

Ние постоиме затоа што Вие постоите.

Нашата Визија е развиен пазар на труд – затоа што човекот ја води компанијата напред и со тоа човекот ја води економијата во раст. Со нашата работа сакаме да придонесеме кон негово развивање и подобрување. Сите мали промени заедно водат кон голема промена и успех на долг рок.

Подготвени сме!

Посветено работиме за го подобриме и олесниме процесот на аплицирање за активните баратели на работа, но и за оние кои сакаат да се надоградат и доусовршат на одредено поле, да стекнат нови знаења, како и за Студентите кои се подготвуваат за својот кариерен пат. Тоа го правиме преку обединување на сите активни Огласи за работа, Објави за пракса, почетна позиција за работа, стипендии, натпревари и конкурси за Студенти, академии, школи, курсеви, обуки, конференции и други настани од едукативен карактер од неформално образование на едно место, со само еден клик кон Аплицирај.мк.

Заедно да ја создадеме најдобрата платформа која ќе Ве поврзува сите Вас, создавајќи го најдоброто искуство за Вас, со само еден клик кон Аплицирај.мк.

Огласи

Aко барате работа...

Aко барате работа, Вие можете да аплицирате токму за онаа работа која посакувате да ја имате. Вашиот избор можете да го направите во селекцијата од Премиум Огласи, Огласи и ИТ Огласи. Работата која ја посакувате е на еден клик до Вас!

Студенти

Aко сте Студенти...

Aко сте Студенти, Вие можете да пронајдете пракса со која ќе добиете вештини од Вашето поле на интерес, информации од формалното образование, стипендии на кои можете да конкурирате, натпревари кои се предизвик за Вас или пак да аплицирате за Вашата прва посакувана работа. Овие огласи и објави ќе бидат достапни и директно до Вас преку нашата мрежа од Центри за Кариера, Студентски организации и веб-сајтови при Факултети и Универзитети.

Неформално образование

Aко сакате да се надоградите...

Aко сакате да се надоградите, доусовршите, доквалификувате или пак да добиете нови вештини со кои понатаму ќе аплицирате за работата која ја посакувате, Вие можете да ги пронајдете сите академии, курсеви, обуки, конференции и други настани од неформално образование кои ќе Ви помогнат во тоа.

Маркетинг

Aко сакате да ги реализирате Вашите маркетинг идеи...

Aко сакате да ги реализирате Вашите маркетинг идеи и цели и тие да достигнат голема видливост до сите наши посетители, Ве покануваме да ни се придружите.

Компании
0
Компании
Објавени Огласи
0
Објавени Огласи
ИТ Огласи
0
ИТ Огласи
Објави од Неформално образование
0
Објави од Неформално образование
Е-огласник
0
Е-огласник
Аплицирај.мк