Клиничката болница “Аџибадем Систина” 
има потреба од искусен и мотивиран:

Лабораториски техничар

Опис на работното место:

  • Изведување венепункција и земање биолошки примероци (крв) од пациенти согласно утврдени процедури и стандарди;
  • Правилна идентификација на пациентите и точно обележување на сите примероци;
  • Прием, евиденција и подготовка на биолошки материјали за понатамошна лабораториска обработка;
  • Спроведување на преданалитичка обработка на примероци според важечки протоколи;
  • Контрола на квалитетот, интегритетот и соодветноста на сите примени примероци;
  • Работа со лабораториски информатички систем и уредно водење на медицинска документација;
  • Поддршка на аналитичкиот процес преку правилна подготовка на материјалите;
  • Почитување на сите стандарди за квалитет, безбедност, хигиена и доверливост.

 Потребни квалификации и познавања:

  • Завршено средно медицинско образование – лабораториски техничар;
  • Положен стручен испит;
  • Искуство во венепункција и работа со пациенти ќе се смета за значителна предност;
  • Познавање на преданалитички лабораториски процедури;
  • Познавање на работа со компјутери и лабораториски информациски системи;
  • Одговорност, прецизност, организираност и внимание на детали;
  • Развиени комуникациски вештини и способност за тимска работа;
  • Високо ниво на професионална етика и доверливост.

Дополнителни информации:

Огласот е отворен 15 дена. Апликациите треба да бидат доставени преку белото копче Аплицирај или по пошта на: Клиничка Болница „Аџибадем Систина“, ул. „Скупи“ 5А, 1000 Скопје. Уредна пријава ќе се смета секоја навремена пријава по Огласот.

Дискреција на кандидатите е загарантирана. Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг ќе бидат повикани на интервју.