Европа Лек Фарма е регионален лидер во Југоисточна Европа кој нуди услуги за странски партнери, како што се маркетинг, регистрација, консигнација, логистичка поддршка на клинички испитувања и дистрибуција.

Како дел од германската групација PHOENIX, секојдневно придонесуваме за подобра и побезбедна здравствена услуга, опфаќајќи го целиот синџир на набавка во фармацевтската индустрија, од производителите на фармацевтски производи, сѐ до аптеките, докторите, болниците и пациентите.

За повеќе информации посетете ја нашата веб страна www.elpharma.com.mk

Ве повикуваме да се приклучите на нашиот тим,
на работно место:

Медицински претставник –
Стручен соработник

Реони: Скопје, Куманово, Струмица и останати градови во реонот на Северо – Источна Македонија.

 Потребни квалификации:

  • ВСС: доктор по медицина, доктор по стоматологија или дипломиран фармацевт/магистер по фармација;
  • Работно искуство во промоција на фармaцевтски производи.

Опис на работата:

  • Промоција и презентација на фармацевтски производи;
  • Редовни посети и развој на партнерски однос со доктори и фармацевти;
  • Имплементација на маркетинг планови и остварување на комерцијални цели;
  • Подготовка на редовни извештаи;
  • Учество и организирање на стручно-еедукативни собири;
  • Следење и анализа на пазарот и конкурентските активности;
  • Работната позиција е во состав на секторот за маркетинг.

 Потребни вештини и способности:

  • Познавање на MS Office;
  • Возачка дозвола Б категорија – активен возач;
  • Развиени комуникациски, презентациски и преговарачки способности;
  • Самодоверба, упорност и способност за самостојна работа;
  • Деловна свесност и проактивен пристап.

 Ние нудиме:

  • Интересна и одговорна позиција во успешна компанија;
  • Позитивна корпорациска култура, високо компетентен тим и колегијалност;
  • Континуирана обука и можност за напредување.

Дополнителни информации:

  • Дневното работно време на оваа позиција е 8 часа, со почеток од 08:30 до 16:30 часот;
  • Неделното работно време е од понеделник до петок.

Доколку се пронајдовте во горенаведениот опис, пратета ја вашата пријава преку белото копче Аплицирај. Рок на пријавување 15 дена од датумот на објавување на Огласот.

*Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ќе влезат во потесниот избор.

*Сите пристигнати апликации ќе се третираат како строго доверливи. Пристигантите апликации ќе се чуваат во нашата база на податоци 2 години по истекување на Огласот.

*Согласноста за чување на апликациите може да се повлече и пред истекот на наведениот рок на следната е-маил адреса: personal@elpharma.com.mk

  • Категорија / Индустрија / Сектор
    Фармација