ГеоБалкан Битола е високопрофесионална компанија која ги извршува сите активности од областа на геодезијата, проектирањето, урбанизмот, вештачењето, проценката и други активности поврзани со имотно – правните работи на територијата на Република Македонија како и во блиското соседство.

Компанијата започна со работа во октомври 2009 год. со само 5 (пет) геодетски инженери – ентузијасти, но со визија да стане високо конкуретна компанија, и да се развие и да ги подобри насоките во сите области поврзани со инженерството и недвижниот имот. Како потврда на квалитетот на услугите, компанијата на почетокот на 2011 година се приклучи на имплементација на системот за квалитет и животна средина: ISO 9001: 2008 и ISO 14001: 2008, со кој компанијата има стекнато сертификат во ноември 2011 година. Денес компанијата има вработено повеќе од 15 (петнаесет) високо образовани инженери, кои работат во сите инженерски области. Со растењето и развивањето на компанијата една од нејзините главни насоки во кои се специјализира е инфраструктурата. На оваа проблематика започнавме да работиме уште од 2013 година.

ГеоБалкан Битола го проширува својот тим,
има потреба од вработување на:

Архитект

Локација: Битола

Опис на работна позиција:

  • Изработување на основни и урбанистички проекти;
  • Следење и координација на градежни активности на терен;
  • Контрола на изведба според проектна документација;
  • Комуникација со изведувачи, надзор и инвеститори;
  • Водење евиденција и извештаи од градилиште;
  • Решавање тековни проблеми при изведба​.

Потребни квалификации:

  • Дипломиран архитект;
  • Задолжително работно искуство;
  • Познавање на AutoCAD;
  • Возачка дозвола Б категорија;
  • Способност за работа на терен и тимска работа;
  • Одговорност и организираност​​.

Што нудиме:

  • Конкурентна плата;
  • Лична опрема за заштита при работа;
  • Нови возила за теренски активности кои овозможуваат ефикасна и удобна работа во теренски услови;
  • Можности за учење, професионален развој и раст;
  • Работа на интересни и динамични проекти;
  • Поддршка за напредување во кариерата;
  • Тим на професионалци кои ќе ве поддржат во развојот и стекнувањето нови вештини;
  • Тим билдинг активности.

Работно време:

  • Вработување на полно работно време.
  • Дневното работно време е од 08:00 – 16:00 часот, 40 работни часа (од понеделник до петок), во канцеларија во Битола, секојдневно присуство е задолжително.

Сите заинтересирани кандидати кои ги исполнуваат условите може да ги испратат своите кратки биографии (CV), диплома, овластувања и др. преку белото копче Алицирај или да се обратат на 075/580 135.