Altera Food е искусен производител на конзервирано овошје и зеленчук од Македонија. Нашите производи се на полиците во САД, Словенија, Хрватска, Естонија, Швајцарија, Канада, Австралија и други.

Еден дел од зеленчуците се од наши сопствени пластеници. Исто така, произведуваме и производи под private label на купувачите.

Altera Food го проширува својот тим,
има потреба од вработување на:

Технолог за прехранбена индустрија

За да го поддржиме растот на компанијата, бараме искусен Технолог кој ќе ја преземе технолошката функција на фирмата.

Што ќе работите?

  • Управување и редовно ажурирање на нормативите за сите производни линии;
  • Контрола на квалитет на оперативно ниво — суровини, процес, готов производ;
  • Одржување и развој на IFS Food v8 системот, подготовка и водење на аудити;
  • Развој на нови производи и поддршка на private label проекти;
  • Технолошка поддршка при работа со интернационални клиенти и спецификации;
  • Соработка со шефовите на смена за подобрување на процесите и приносот.

Што бараме?

  • Дипломиран инженер по прехранбена технологија или сродна струка;
  • Минимум 5 години работно искуство во прехранбена индустрија;
  • Активно работно искуство со IFS Food или BRC сертификација;
  • Искуство со развој на нови производи и работа со retail клиенти;
  • Аналитичен пристап и систематичност во документацијата;
  • Активно знаење на англиски јазик;
  • Самостојност во работата и способност за водење на технолошката функција.

Што нудиме:

  • Конкурентна нето плата во согласност со искуството;
  • Хибриден работен модел — комбинација on-site и работа од далечина;
  • Стабилна позиција во компанија со растечка интернационална присутност;
  • Можност за вистинско влијание врз технолошкиот развој на фирмата;
  • Долгорочна перспектива и простор за професионален раст.

За кандидатите од Скопје, Велес, Струмица и поширок регион — хибридниот модел е дизајниран токму за вас.

Заинтересирани кандидати може да испратат CV преку белото копче Аплицирај или директно преку LinkedIn порака.

Контакт за повеќе информации: 070/393 025