• Категорија
  • Плата
    35.000 - 50.000 МКД

    нето плата (во зависност од искуството)

Altera Food е искусен производител на конзервирано овошје и зеленчук од Македонија. Нашите производи се на полиците во САД, Словенија, Хрватска, Естонија, Швајцарија, Канада, Австралија и други.

Еден дел од зеленчуците се од наши сопствени пластеници. Исто така, произведуваме и производи под private label на купувачите.

Altera Food го проширува својот тим,
има потреба од вработување на:

Аналитичар за производни трошоци

Бараме Аналитичар за производни трошоци кој ќе биде „очи и уши“ на менаџментот за тоа каде оди секој денар во производството.

Што ќе работите?

  • Водење на материјално сметководство — суровини, амбалажа, готови производи;
  • Дневно усогласување на податоци од магацин, производство и пакување;
  • Калкулации на цена на чинење по производ и работен налог;
  • Месечни извештаи: нормативна vs реална потрошувачка, работни часови по налози, енергенси по налози;
  • Анализа на отстапувања и предлози за оптимизација;
  • Поддршка на надворешното сметководство со материјални податоци;
  • Учество во дигитализацијата на процесите во компанијата.

Што бараме?

  • Високо образование — економија, финансии или сродна струка;
  • 3+ години искуство во материјално сметководство, контролинг или финансиска анализа (предност: производствена фирма);
  • Напреден Excel — формули, анализа;
  • Познавање на ERP/сметководствени системи;
  • Прецизност, систематичност и аналитички пристап;
  • Самостојност во работата.

Што нудиме:

  • Месечна нето плата 35.000–50.000 денари, во зависност од искуството;
  • Хибриден работен модел — поголем дел од времето on-site во Гевгелија;
  • Стабилно работно место во растечка компанија со интернационална присутност;
  • Можност за професионален развој.

Заинтересирани кандидати може да испратат CV преку белото копче Аплицирај или директно преку LinkedIn порака.

Контакт за повеќе информации: 070/393 025