Основана во 1992 година, Majami Packaging Solutions благодарејќи на постојаното вложување во модернизација на производствените процеси, денес е меѓу водечките добавувачи на вештачки обвивки за месната индустија во регионот.

Секоe достигнување и успех на компанијата е резултат на одличното функционирање на целиот тим, желбата за заедничка работа и взаемно почитување.

Производствениот погон во Идризово – Скопје има потреба од:

Помошник печатар
на машина за флексографско печатење

Работни задачи:

  • Подготовка на бои и материјали во процесот за печатење;
  • Следење на квалитетот на производот, со цел навремено да се идентификува, отфрли или спречи секоја неправилност;
  • Евидентирање на сработените количини и производи;
  • Предавање на сработеното во магацин;
  • Почитување на мерките за заштита при работа;
  • Одржување и грижа за работното место.

Потребни квалификации:

  • Минимум ССС;
  • Со или без работно искуство;
  • Способност за работа во тим;
  • Подготвеност за работа во смени;
  • Способност за следење на работни инструкции и налози;
  • Точност, самоиницијатива, исполнителност и чесност;
  • Одговорност и организираност;
  • Способност за извршување на работните задачи.

Ние нудиме:

  • Секогаш навремена плата;
  • Платен годишен одмор;
  • Исплата на регрес (К-15);
  • Додаток за минат труд;
  • Индивидуален бонус за редовност и продуктивност;
  • Тренинг и обуки за нови вработени;
  • Континуирано усовршување во работа;
  • Можност и поттик за напредување во работата;
  • Работа во чиста и климатизирана атмосфера.

Дополнителни информации:

  • За почеток работниот однос се склучува на определено време од 3 месеци (со можност за продолжување);
  • Работното време е организирано во 3 смени;
  • Неделното работно време изнесува 40 часа.

Заинтересираните кандидати кратка биографија (CV) да испратат преку белото копче Аплицирај.