PharmaRolly LLC од областа на
фармацевтска индустрија има потреба од:

Координатор во производство
(на сув цвет од медицински канабис)


Потребни квалификации:

  • Диломиран фармацевт;
  • Најмалку 3 години претходно работно искуство во фармацевтска индустрија и искуство со GMP.

Работни задачи:

  • Организација, спроведување и контролирање на процесите во одделот производство на сув цвет од медицински канабис и складирање на производи согласно соодветната документација;
  • Одговорен за следење на усогласеност со барањата на Добрата производна пракса (GMP) во производство;
  • Проверка и водење на целокупна производна документација;
  • Одговорен за прием на производи и материјали во производство и нивно складирање во соодветни простории;
  • Учествува во процесите на валидација и подготовка на валидациона документација;
  • Евиденција и спроведување на иницијална и тековна обука на персоналот во одделот производство;
  • Надзор и координација на сите вработени во одделот.

 Што нудиме:

  • Одлични работни услови;
  • Можност за напредување и надградување;
  • Колегијална и пријатна работна атмосфера;
  • Работење во странска компанија со модерен начин на работење.

Дополнителни информации:

Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат горенаведените услови, своите професионални биографии може да ги испратат преку белото копче Аплицирај.

Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг ќе бидат повикани на разговор.