• Категорија
  • Плата

    Конкурентна плата, редовна исплата + месечен бонус

Ресторан Пелистер е лоциран на Плоштад Македонија, каде што се добредојдени и послужени нашите гости повеќе од 30 години.

Сиве овие годни нашите колеги го подготвуваат опширното мени базирано на Медитеранската кујна, имено салати, предјадења, свежа паста, пица, главни јадења и десерти. Колеги кои што во повеќе случаеви работат повеќе од 20 години во Ресторан Пелистер.

Ресторан Пелистер го проширува својот тим,
има потреба од вработување на:

Готвач/ка
за топла кујна/подготовка на тестенини

Работни обврски:

  • Подготовка на храна според рецепти и нормативи;
  • Подготвување на јадења во топла кујна, ладна кујна и шанк за тестенини;
  • Почитување на хигиенските и безбедносните стандарди;
  • Контрола на квалитет, залихи и правилно складирање на состојките;
  • Комуникација и координација со колегите;
  • Аранжирање и навремено сервирање на јадењата;
  • Чистење и одржување работната опрема.

Услови кои ги нудиме:

  • Пријавување од прв работен ден;
  • Конкурентна плата и редовна исплата;
  • Месечен бонус базиран на редовност;
  • Сменска работа;
  • Обезбеден транспорт до дома за втора смена;
  • Можности за професионален развој и напредок.

Доколку си некој што сака да работи во динамична атмосфера, со врвни состојки, современа опрема и колеги со долгогодишно искуство, контактирајте не на 078/536 210.