ЈАСС го проширува својот тим,
има потреба од вработување на:

Менаџер, медицински претставник

Опис на работата:

  • Стратешко планирање: изработка на продажни планови и таргети за целиот тим по региони;
  • Водење и организација на тим: следење, евалуација и мотивација на медицинските претставници;
  • Следење и анализа на пазарот;
  • Имплементација на планови и реализација на зададени цели согласно нашата развојна стратегија;
  • Идентификување на нови деловни можности. Известува и предлага нови активности;
  • Понуда, промоција и стручна презентација на ОТЦ производи и козметика;
  • Посета, развој и одржување на односите со здравствени работници и фармацевти.

Потребни квалификации:

  • Високо ниво на комерцијални и презентациски вештини;
  • Претходно работно искуство во продажба на медицински производи;
  • Организираност и одговорност кон доверените работни задачи;
  • Искрена, позитивна, динамична и самоиницијативна личност;
  • Високо образование во областа на Медицина/Исхрана/Фармакологија/Биохемија ќе се смета за предност;
  • Возачка дозвола Б категорија, активен возач.

Нудиме:

  • Динамична и одговорна позиција во успешна компанија која е активна на пазарот 25 години;
  • Компетитивна плата во зависност од вашето искуство и дополнително БОНУСИ;
  • Службено возило за посета на здравствените работници, службен мобилен телефон и службен лап топ;
  • Можност за работа за врвни брендови на пазарот;
  • 25 денови за одмор;
  • Позитивна култура, високо компетентен тим и колегијалност;
  • Континуирана можност за напредување;
  • Можност за сами да си го организирате вашето работно време и обврски секако во склад со бизнис стратегијата;
  • Неделното работно време е од понеделник до петок, 8 часа на ден.

За да аплицирате, пратете го вашето CV преку белото копче Аплицирај најдоцна до 30.05.2026 година.