• Категорија
  • Плата
    до 60.000 МКД

    Конкурентна плата

Адвокатската канцеларија Бошњаковски е адвокатска канцеларија со седиште во Скопје, со изразен фокус на работа со меѓународни компании, инвеститори и индивидуални клиенти.

Во моментов објавуваме повик за една позиција:

Адвокат со лиценца
(правник со положен правосуден испит)

Нашата работа е фокусирана во неколку комплементарни области:

  • Деловно и трговско право, каде што советуваме компании кои работат во сектори како што се ИТ и технологија, финансии, градежништво, развој на недвижности и други стопански дејности. Во оваа област работиме на договори и преговори, корпоративни и регулаторни прашања, лиценцирање, трудово право, заштита на лични податоци, интелектуална сопственост, финансиско право и прашања поврзани со даноци;
  • Меѓународно граѓанско право, во рамки на кое застапуваме странски физички лица и припадници на дијаспората во постапки поврзани со наследство, развод, старателство, државјанство и други прекугранични семејни и граѓанско-правни прашања;
  • Миграционо право, каде што работиме за познати глобални корпорации, но и индивидуални инвеститори и дигитални номади во постапки за добивање дозволи за престој и работа.

Кандидатите кои аплицираат треба да ги исполнуваат следните услови:

  • Адвокатски лиценца или минимум положен правосуден испит;
  • Најмалку две години работно искуство;
  • Одлично познавање на англискиот јазик;
  • Познавање на други јазици;
  • Силна мотивација за личен напредок.

Тоа што нудиме е:

  • Професионална и поддржувачка средина, во рамки на млад, мотивиран и искусен тим;
  • Култура која вреднува одговорноста, самостојноста и интелектуалната љубопитност;
  • Јасно дефиниран пат за станување на адвокат како партнер во нашата канцеларија (partnership track), при што кандидатите постепено ќе се развиваат не само како правници, туку и како дел од долгорочната деловна стратегија на канцеларијата;
  • Конкурентна плата и денови за одмор над законскиот минимум.

Дополнителни информации:

  • Плата до 60.000 денари;
  • Вид на вработување – по договор.

Заинтересираните кандидати се поканети да достават биографија (CV)  преку белото копче Аплицирај.

Контакт за повеќе информации: 070/257 879