Аплицирај за работата која ја посакуваш!
Студенти
Неформално образование
Информации
“Тајната на животниот успех им е позната само на оние кои не успеале.”
- Џон Ч. Колинс
“Тајната на успехот во животот не е во тоа да се работи тоа што се сака, туку да се сака тоа што се работи.”
- Черчил
“Патот до успехот и патот до неуспехот се речиси исти.”
- Колин Р. Дејвис
Индикатори
Извор: Државен завод за статистика
Вработени
704 617
Невработени
91 782
Стапка на вработеност
46.4
Стапка на невработеност
11.5
Просечна месечна нето плата
46 889
Просечна месечна бруто плата
70 520
на mk.hr@socotab.com
со испраќање на твојата кратка биографија
-
Категорија
-
Плата
Конкурентна плата


Сокотаб – Битола https://www.socotab.com/ е мултинационална компанија основана во 1923 година, светски водечки преработувач и трговец на ориентален тутун со свои претставништва во Швајцарија, Турција, Бугарија, Грција и Македонија.
Сокотаб е бренд со долга историја, традиција, успех и иновации. Водиме одржлив бизнис преку почитување на човековите права и заштита на животната средина.
Моментално вработуваме:
Сметководител
1 (еден) извршител на определено време
Локација на работа: Драгожани, Битола
Твојата улога:
- Прием на целокупната документација претходно архивирана, ликвидирање и контрола на истата;
- Правилно и ажурно книжење на добиената документација во SAP системот;
- Подготовка на извештаи за интерна и надворешна употреба (државни институции, банки и слично);
- Поддршка при интерни, екстерни ревизии и даночни контроли;
- Учество во подготовката на буџетот на компанијата;
- Активности од делокругот на благајничко работење и електронско банкарство;
- Подготовка на барања за одобрување на инвестиции и водење на евиденција за набавка на
основни средства; - Поддршка при изготвување на даночни пријави.
Твоите вештини и способности:
- Работно познавање на англискиот јазик;
- Одлични компјутерски способности (MS Office);
- Искуство со работа во ЕРП системи (SAP се смета за предност);
- Искуство со работа во системите на релевантните државни институции;
- Изразено внимание кон детали и квалитет во работата;
- Интегритет, чесност и доследност;
- Аналитички вештини и способност за решавање на проблеми;
- Тимска работа и соработка.
Што нудиме:
- Конкурентна плата која одговара на твоите одговорности и компетенции;
- Останати надомести и бенефити предвидени со Закон за работни односи и Колективен договор, вклучувајќи превоз и храна;
- Работа со најсовремени ЕРП системи (SAP);
- Соработка со искусни професионалци во пријатна мултинационална работна средина ослободена од предрасуди;
- Континуиран развој (коучинг и обука на работното место, обуки, сертификација, учество во работни групи и проекти на компанијата).
Нашиот кандидат:
- Пожелно е да има најмалку 3 години работно искуство на иста или слична работна позиција;
- Има универзитетско образование во областа на економија и финансии;
- Поседува лиценца за овластен сметководител;
- Ги познава Меѓународните Стандарди за Финансиско Известување и Меѓународните Сметководствени Стандарди;
- Го предизвикува работа во мултинационална компанија во областа на производството со јасно утврдени правила и процедури.
Сите заинтересирани кандидати можат да ги достават своите апликации преку белото копче Аплицирај најдоцна до 08.06.2026 година.
*Сокотаб – Битола го задржува правото да направи избор во рамките на законски предвидените рокови. Само кандидатите кои ги исполнуваат барањата на позицијата ќе бидат контактирани.
** Сокотаб – Битола се обврзува личните податоци на кандидатите да ги употребува само за потребите на процесот на регрутација. Податоците ќе се чуваат и обработуваат согласно одредбите на Законот за заштита на лични податоци.
Зачлени се во нашиот Е-Огласник
и добивај ги најновите огласи секој понеделник
во твоето Е-сандаче
Зачлени се во нашиот
Е-Огласник
Студенти
Неформално образование
Информации
“Тајната на животниот успех им е позната само на оние кои не успеале.”
- Џон Ч. Колинс
“Тајната на успехот во животот не е во тоа да се работи тоа што се сака, туку да се сака тоа што се работи.”
- Черчил
“Патот до успехот и патот до неуспехот се речиси исти.”
- Колин Р. Дејвис
Индикатори
Извор: Државен завод за статистика

















