• Категорија
  • Плата

    Солидни и редовни месечни примања

Приватна здравствена установа – Специјализирана болница по нефрологија со дијализа Д.МЕД МЕДИКАЛ Скопје е дел од D.Med Healthcare Group со седиште во Дизелдорф, Германија. D.Med Healthcare Group е глобален проваидер на медицински услуги и производи со посебен фокус на нефрологија со дијализата како и производи во други медицински области.

Специјализираната болница Д.МЕД МЕДИКАЛ Скопје, како дел од групацијата обезбедува висококвалитетни услуги за дијализа за пациенти кои имаат бубрежни заболувања, бубрежна инсуфициенција и пациенти кои се на хронична програма за хемодијализа и хемодијафилтрација.

За потребите на установата, имаме потреба од:

Медицинска сестра/техничар 

Потребни квалификации и познавања:

  • ССС Медицинско училиште;
  • Положен државен испит за медицинска сестра/техничар;
  • Работното искуство со дијализни пациенти ќе се смета за предност;
  • Работа со компјутери и одлично познавање на MS Office.

Личен профил

  • Професионален однос кон работата, одговорност и дисциплинираност;
  • Почитување на правила и кодекс на работа;
  • Внимателност и прецизност при  работењето;
  • Способност за индивидуална и тимска работа;
  • Способност за преземање иницијатива и мотивираност за постојана едукација/надградба на знаењата.

Што нудиме:

  • Можност за професионален развој и надоградба;
  • Работа во компанија која е дел од странска групација;
  • Солидни и редовни месечни примања согласно законската и подзаконската регулатива во Р.С Македонија.

Доколку ги исполнувате наведените услови и сакате да работите во динамична интернационална компанија, со можност за професионално усовршување и напредување, Вашата биографија, со задолжително наведување на работната позиција за која се пријавувате, доставете ја најдоцна до 28.10.2026 година преку белото копче Аплицирај.