ВРАБОТУВАМЕ

Биди дел од тимот на Grand Skopje!

Електро Инженер

Обврски и одговорности:

  • Пратење на динамиката на градилиштето и надзор на извршените работи;
  • Контрола на завршените работи, изведба на проектот во рамките на буџетот и поставените рокови;
  • Координација помеѓу инвеститорот/нарачателот, надзорот, добавувачите и кооперантите;
  • Контрола на проектно – техника документација;
  • Контролирање на градежни книги и градежни дневници;
  • Изготвување на извештаи;
  • Изготвување на документација за примопредавање;
  • Соработка со тимот.

Образование, работно искуство и вештини:

  • Универзитетска диплома од Факултет за Електротехника;
  • Претходно работно искуство во дејноста (минимум 5 години);
  • Поседување Б Овластување за изведба;
  • Познавање и примена на законска регулатива;
  • Познавање на англиски јазик;
  • Познавање на работа со компјутери, MS Office пакет, AutoCAD, Microsoft Project;
  • Силни комуникациски вештини, самоорганизираност, дисциплинираност, самоиницијатива, способност за тимска работа.

Бенефиции:

  • Работа на еден од најголемите развојни проекти со мешана намена во регионот;
  • Динамична работна средина исполнета со професионални предизвици;
  • Работа во тим на посветени и искусни професионалци;
  • Можност за професионален развој и напредок;
  • Компетитивни месечни примања на пазарот на труд во Македонија;
  • Останати бенефиции како вработен во Македонија.

Заинтересираните кандидати својата кратка биографија (CV) да ја испратат преку белото копче Аплицирај.

Информирај се повеќе за комплексот на Гранд Скопје на: https://grandskopje.mk/

Комплексот Гранд Скопје е со мешана намена и објекти кои се карактеризираат со високо квалитетна архитектура, со архитектонски израз кој ќе остави впечатлив белег и ќе ја надополни силуетата на градот Скопје.