ВРАБОТУВАМЕ

Биди дел од тимот на Grand Skopje!

Техничар за одржување на недвижности

Обврски и одговорности:

  • Извршување на технички работи при редовно и корективно одржување на објекти;
  • Обиколка на објекти;
  • Тековно следење и евиденција на недостатоци, настанати дефекти, пријава на истите и сервисирање;
  • Комуникација и соработка со овластени сервисери;
  • Изготвување на извештаи;
  • Соработка со останатите во тимот.

Образование, работно искуство и вештини:

  • ССС Техничка насока – електротехничка струка ќе се смета за предност;
  • Општо познавање во областа на градежни, електрични инсталации и машински инсталации;
  • Претходно работно искуство во дејноста (минимум 2 години);
  • Поседување Б Возачка дозвола;
  • Основни познавања на работа со компјутери, MS Office пакет;
  • Проактивност, снаодливост, способност за воочување на недостатоци, самоорганизираност, дисциплинираност.

Сите заинтересирани кои ги исполнуваат посочените услови да достават кратка биографија преку белото копче Аплицирај.

Комплексот Гранд Скопје е со мешана намена и објекти кои се карактеризираат со високо квалитетна архитектура, со архитектонски израз кој ќе остави впечатлив белег и ќе ја надополни силуетата на градот Скопје.