Како да напишете CV
Професионалното CV е вашата прва и најважна точка на контакт со работодавецот. Во просек, работодавците поминуваат помалку од 10 секунди при прв преглед на CV, што значи овој документ мора да биде јасен, структуриран и релевантен.
Добро напишано CV не само што ги прикажува вашите вештини и искуство, туку и ве позиционира како сериозен кандидат кој знае како да се презентира професионално.
1. ШТО Е ПРОФЕСИОНАЛНО CV?
Професионално CV е краток, структуриран документ кој ги прикажува:
- Вашето работно искуство;
- Образование;
- Вештини;
- Постигнувања;
- Релевантни проекти.
Успешното CV е она што ќе ве издвои од другите кандидати и ќе ве доведе до следната фаза од процесот – интервјуто.
2. ОСНОВНА СТРУКТУРА НА CV
Професионалното CV секогаш треба да ги содржи следните делови:
2.1 Лични информации
Вклучете:
-
- Име и презиме;
- Телефон;
- Е-маил;
- Локација (град);
- LinkedIn профил (доколку постои).
! Избегнувајте: лични документи, брачен статус или непотребни детали.
2.2 Професионалнo резиме (Summary)
Ова е краток параграф (3–5 реда) кој треба да одговори на:
-
- Кој/a сте;
- Во што сте најдобри;
- Колку искуство имате;
- Што барате.
Пример:
Професионален дигитален маркетер со 5+ години искуство во дигитален маркетинг и управување со проекти. Специјализиран за креирање стратегии за раст и оптимизација на перформанси. Мотивиран за работа во динамични тимови и ориентиран кон резултати.
2.3 Работно искуство
Ова е најважниот дел од CV-то.
Формат:
Позиција – Компанија
Месец/Година – Месец/Година
-
- Опишете ги вашите одговорностич
- Користете глаголи како управував, развив, имплементирав;
- Истакнете резултати.
Пример:
Project Manager – ABC Company
Јануари 2021 – Март 2024
-
- Управување со тим од 8 луѓе
- Развој и имплементација на 15+ проекти
- Зголемување на ефикасноста за 25% преку оптимизација на процеси
2.4 Образование
Формат:
Факултет / Институција
Диплома – Година
-
- Релевантни предмети (доколку сте почетник);
- Просек (доколку е висок и релевантен);
2.5 Вештини
Поделете ги во категории:
Технички вештини:
-
- Excel;
- Python;
- Power BI.
Меки вештини:
-
- Комуникација;
- Тимска работа;
- Решавање проблеми.
2.6 Сертификати и курсеви
Вклучете:
-
- Име на курс
- Институција
- Година
2.7 Проекти (доколку е релевантно)
Особено важно за студенти и junior кандидати.
-
- Име на проект;
- Краток опис;
- Резултат.
3. НАЈЧЕСТИ ГРЕШКИ ПРИ ПИШУВАЊЕ CV
Избегнувајте:
- Претерано долго CV (над 2 страници);
- Граматички грешки;
- Непрофесионална е-маил адреса;
- Недефинирани работни обврски;
- Копирање CV без адаптација за позицијата.
4. СОВЕТИ ЗА CV ШТО ДОБИВА ИНТЕРВЈУ
✔ Прилагодете го вашето CV за секоја позиција;
✔ Користете клучни зборови од огласот;
✔ Ставете акцент на резултати, не само задачи;
✔ Користете чист и едноставен дизајн;
✔ Задржете го CV-то на 1–2 страници.
5. КЛУЧНИ ПРАВИЛА ЗА ФОРМАТИРАЊЕ
Изберете едноставен и професионален дизајн со читлив фонт, јасно истакнати наслови и доволно празен простор. Добро структуираното и визуелно уредно CV му овозможува на работодавачот брзо да ги пронајде најважните информации.
6. ЗОШТО ДОБРО СТРУКТУРИРАНО CV Е ВАЖНО?
Доброто CV:
- Го зголемува шансите за интервју;
- Ве издвојува од другите кандидати;
- Создава професионален прв впечаток;
- Го покажува вашиот потенцијал јасно и брзо.
Пишувањето професионално CV не е само формалност – тоа е стратегија. Со правилна структура, јасен јазик и фокус на резултати, можете значително да ги зголемите шансите да бидете повикани на интервју.
Доколку сакате професионално CV изработено според вашата професија и ниво на искуство, контактирајте нè за персонализирана изработка и консултација.
Слични информации
Како да напишете мотивациско писмо
Во денешниот конкурентен пазар на труд, доброто CV сè почесто е пропратено со мотивациско писмо... прочитај повеќе
Kорисни совети за секој сегмет на вашето CV
Што да вклучите, а што да изоставите? Кои делови очекуваат работодавците да ги видат во... прочитај повеќе

















