Асистент во магацин – Mango
(East Gate Mall)

Локација: Скопје (Манго – магацин)

Фешн Груп има потреба од Асистент во магацин на продажен објект кој ќе му се придружи на тимот на брендот Манго. Главната цел е прием и контрола на робата како и нејзино складирање во магацин следејќи ја процедурата на компанијата, како и континуирано помагање при надополнување на производите во продавницата.

Главни одговорности:

Управување со залихи:
  • Прием и потврда на приемни кутии со помош на pathfinder и обезбедување на нивен истовар;
  • Отварање и складирање на добиените нарачки истиот ден;
  • Подготовка на артиклите за продажба (аларми, етикетирање, цени итн.);
  • Менаџирање и реорганизација на магацинскиот простор според потребите;
  • Прелепување на артикли за попусти и промоции;
  • Враќање на робата од тековната сезона според инструкциите на компанијата;
  • Постојано одржување на хигиената на магацинскиот простор.

Продажба и услуга на клиентите:

  • Учество при барање на артикли за клиентот со тимот за продажба, брзо и ефикасно;
  • Помош при подготовка на сликите поврзани со залихата на продавницата (пристигнување на нови модели, распродадени артикли, доколку некој артикал се повторува итн.).

Дали сте вие идеалниот кандидат и имате?

  • CCC/BCC;
  • Пожелно е искуство со магацинско работење;
  • Основно познавање на работа на компјутер (внес на податоци, праќање мејлови, Word, Outlook);
  • Одговорност, доверливост и навременост во извршување на задачите.

Позицијата подразбира сменска работа:

40 часа неделно. Доколку ги поседувате потребните вештини и иксуство Ве молиме да аплицирате преку белото копче Аплицирај со назнака  ,,Магационер – Манго”.

Напомена:

  • Само апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.
  • Апликациите без назнака нема да бидат разгледани!

Заштита на лични податоци:

Сите апликации ќе бидат третирани со строга доверливост. Со самото аплицирање кандидатот се согласува неговите лични податоци наведени во апликацијата да бидат чувани во базата на податоци и обработувани во рок од 1 година од денот на истекот на рокот за избор. Кандидатот има право во секое време да ја повлече дадената согласност за чување и обработка на неговите лични податоци согласно Законот за заштита на лични податоци со обраќање на наведената електронска пошта во огласот.

 

Fashion Group повеќе од 20 години важи за најголема малопродажна модна групација во земјава, во нејзиното портфолио ќе најдете некои од најголемите светски реномирани брендови како Hugo Boss, Diesel, Guess, Bitsiani, Mango, Springfield, Okaidi, Superdry, Timberland и други. Нашата цел од самиот почеток, па сè до денес е да му овозможиме на секој наш клиент да го изгради личниот стил и да експериментира со истиот, одбирајќи ги парчињата на светските брендови.

Нашите вредности го рефлектираат она вистинското на компанијата, но и на сите брендови чии франшизи ги претставуваме – воздигнувањето на личниот стил над модата со помош на уникатните сезонски колекции.

Вработените во нашата компанија чиј број постојано се зголемува, се тим индивидуалци и креативци кои постојано работат на развивање нови идеи за соодветно претставување на вредностите на компанијата. Постојано се обидуваме да го пронајдеме најдоброто во нашите вработени и заедно да работиме на нивните амбиции, бидејќи кога се инвестира во нивниот развој, не само што го зголемуваме нивниот професионален капацитет, туку и ја зголемуваме и успешноста на целата наша организација.