Вега Фармацеутикал Логистикс е водечка веледрогерија на пазарот и дел од силна регионална групација, која секојдневно ја движи фармацевтската индустрија напред. Зад нашиот успех стои тим од посветени професионалци кои работат со високи стандарди, меѓусебна доверба и заедничка цел – сигурен и ефикасен синџир на снабдување во служба на здравјето.

Создаваме работна средина што поттикнува развој, соработка и преземање одговорност, каде секој придонес има значење. Веруваме дека стабилноста, знаењето и тимската енергија се клучот за долгорочен успех – за нашите партнери, за пациентите и за секој член од нашиот тим.

Техничар за складирање на роба

Обврски и одговорности:

  • Складирање и одвојување на роба-лекови со рачен терминал (баркод скенер);
  • Преземање на примената роба и складирање на артиклите до точна или резервна локација;
  • Следење и контрола на роковите и сериите;
  • Дополнување и прередување на потрошени залихи на рафтови или на резервни локации.

Потребни квалификации:

  • Завршено средно образование;
  • Пожелно е претходно работно искуство во магацинско работење.

Потребни способности и вештини:

  • Одговорност и прецизност;
  • Тимска работа.

Работното време е во смени. Локацијата на компанијата е во индустриска зона Визбегово.

Доколку сакате да бидете дел од тим што поставува стандарди во индустријата, Ве покануваме да ја испратите вашата апликација преку белото копче Аплицирај.

Рокот за пријавување е 14 дена од датумот на објавување на Огласот. Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ќе влезат во потесниот избор.

Сите пристигнати апликации ќе се третираат како строго доверливи.

Пристигантите апликации ќе се чуваат во нашата база на податоци 2 години по истекување на Огласот.

Согласноста за чување на апликациите може да се повлече и пред истекот на наведениот рок на следната е-маил адреса: personal@vega-group.mk