Компанија Велкоски го проширува својот тим,
има потреба од вработување на:

Правник

Има потреба од мотивирана, одговорна и аналитична личност за позицијата Правник во Скопје.

Главни работни обврски:

  • Изработка, преглед и анализа на сите видови комерцијални договори;
  • Следење на законската регулатива во Македонија и усогласување на работењето на компанијата со законските промени;
  • Водење на кадровска евиденција, изработка на договори за вработување, решенија и други акти од областа на работните односи;
  • Подготовка на интерни акти, статуи, правилници и одлуки на компанијата;
  • Комуникација и координирање со надворешни институции.

Потребни квалификации:

  • Завршено високо образование – дипломиран правник;
  • Аналитички вештини, доверливост, професионалност и деловна етика.

Дополнителни информации:

  • Работно време: понеделник до петок од 08:00 до 16:00 часот.

Како да се пријавите:

Сите заинтересирани кандидати можат да се пријават со испраќање на професионална биографија (CV) преку белото копче Аплицирај или директно да не контактирате на телефонскиот број: 071/ 375 813.