Техничар за прием на роба

Вега Фармацеутикал Логистикс е водечка веледрогерија на пазарот и дел од силна регионална групација, која секојдневно ја движи фармацевтската индустрија напред. Зад нашиот успех стои тим од посветени професионалци кои работат со високи стандарди, меѓусебна доверба и заедничка цел – сигурен и ефикасен синџир на снабдување во служба на здравјето.
Создаваме работна средина што поттикнува развој, соработка и преземање одговорност, каде секој придонес има значење. Веруваме дека стабилноста, знаењето и тимската енергија се клучот за долгорочен успех – за нашите партнери, за пациентите и за секој член од нашиот тим.
Техничар за прием на роба
Обврски и одговорности:
- Врши прием на пристигната роба согласно утврдени процедури и документација;
- Евидентира прием на роба во магацински / ERP систем согласно интерни процедури;
- Соработува со одделите набавка, квалитет и магацин во процесот на прием и распределба;
- Се грижи за одржување на ред и организација во зоната за прием на роба;
- Почитува стандарди за добра дистрибутивна пракса (GDP) и интерни процедури за квалитет.
Потребни квалификации:
- Завршено средно образование;
- Претходно работно искуство во магацинско работење или прием на роба;
- Основно познавање на работа со компјутер;
- Познавање на магацински процеси и документација ќе се смета за преднос.
Потребни способности и вештини:
- Одговорност и прецизност во работа;
- Организираност и систематичност;
- Почитување процедури и рокови.
Доколку сакате да бидете дел од тим што поставува стандарди во индустријата, Ве покануваме да ја испратите вашата апликација преку белото копче Аплицирај.
Рокот за пријавување е 14 дена од датумот на објавување на Огласот. Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ќе влезат во потесниот избор.
Сите пристигнати апликации ќе се третираат како строго доверливи.
Пристигантите апликации ќе се чуваат во нашата база на податоци 2 години по истекување на Огласот.
Согласноста за чување на апликациите може да се повлече и пред истекот на наведениот рок на следната е-маил адреса: personal@vega-group.mk
-
Категорија / Индустрија / Сектор
Сите останати активни Премиум огласи од
Vega Group
Зачлени се во нашиот Е-Огласник
и добивај ги најновите огласи секој понеделник
во твоето Е-сандаче












