Познаваш сметководство и финансии?
Направи го следниот чекор во ERP консалтинг.

Iskon Solutions го проширува својот тим,
има потреба од вработување на:

ERP консултанти
(за Microsoft Dynamics 365 Business Central)

Ако сакаш да го примениш своето знаење во решавање деловни предизвици, да работиш со клиенти од различни индустрии во земјава и странство и да се развиваш на спојот на финансиите и технологијата – оваа можност е за тебе.

Што ќе работиш?

  • Анализа на деловни и сметководствени процеси и нивно мапирање во ERP систем;
  • Имплементација и конфигурација на Business Central, со фокус на финансиските модули;
  • Обука на корисници и изработка на функционална документација;
  • Поддршка на клиентите во секојдневното работење и подобрување на нивните процеси.

Што очекуваме?

  • Високо образование од областа на економијата, сметководството или финансиите;
  • Солидно познавање на сметководствени и финансиски процеси;
  • Аналитичко размислување и способност за комуникација со клиенти;
  • Познавање на англиски јазик;
  • Желба за учење и професионален развој;
  • Искуството со ERP системи, особено Microsoft Dynamics NAV / Business Central, и претходното консултантско искуство ќе се сметаат за значајна предност.

Што нудиме?

  • Обука и менторство за Microsoft Dynamics 365 Business Central;
  • Работа на ERP проекти кај клиенти од различни индустрии;
  • Можност за Microsoft сертификација и професионален развој;
  • Долгорочна соработка и стабилна работна средина;
  • Конкурентни услови и можност за напредување.

Испрати го твоето CV преку белото копче Аплицирај со назнака „ERP консултант – Business Central“.

  • Категорија / Индустрија / Сектор