Jivi Home го проширува својот тим,
има потреба од вработување на:

Продавач на мебел

За нашиот нов салон во Home District Mall – Скопје, на ул. 20 бр. 28, с. Бразда, бараме комуникативна и одговорна личност која ќе биде дел од нашиот продажен тим.

Работни задачи:

  • Пречекување клиенти и помош при избор на мебел;
  • Презентација на производите и советување според потребите на клиентите;
  • Вклученост во изложување и уредување на мебелот во салонот;
  • Повремена тимска помош при истовар на роба пред молот и внесување во салонот;
  • Комуникација со магацинот за нарачките и испораките.

Потребни квалификации:

  • Комуникативност и љубезен однос кон клиентите;
  • Одговорност, организираност и подготвеност за тимска работа;
  • Интерес за мебел и уредување на домот;
  • Искуство во продажба ќе се смета за предност;
  • Поседување возачка дозвола Б категорија ќе се смета за предност.

Заинтересираните кандидати може да ни испратат кратка биографија преку белото копче Аплицирај.