Медицинско – лабораториски техничар
-
Категорија
-
Плата
Солидни и редовни месечни примања


Приватна здравствена установа – Специјализирана болница по нефрологија со дијализа Д.МЕД МЕДИКАЛ Скопје е дел од D.Med Healthcare Group со седиште во Дизелдорф, Германија. D.Med Healthcare Group е глобален проваидер на медицински услуги и производи со посебен фокус на нефрологија со дијализата како и производи во други медицински области.
Специјализираната болница Д.МЕД МЕДИКАЛ Скопје, како дел од групацијата обезбедува висококвалитетни услуги за дијализа за пациенти кои имаат бубрежни заболувања, бубрежна инсуфициенција и пациенти кои се на хронична програма за хемодијализа и хемодијафилтрација.
За потребите на Установата, имаме потреба од:
Медицинско – лабораториски техничар
Потребни квалификации:
- Средно стручно образование;
- Најмалку 1 година работно искуство;
- Да поседува уверение за положен стручен испит за Медицински лаборант/Медицинско-лабораториски техничар;
- Работа со компјутери и одлично познавање на MS Office.
Потребни карактеристики и вештини:
- Способност за брзо учење;
- Организираност, способност за тимска работа;
- Развиени комуникациски вештини.
Што нудиме:
- Можност за професионален развој и надоградба;
- Работа во компанија која е дел од странска групација;
- Солидни и редовни месечни примања согласно законската и подзаконската регулатива во Р.С Македонија.
Доколку ги исполнувате наведените услови и сакате да работите во динамична интернационална компанија, со можност за професионално усовршување и напредување, Вашата биографија, со задолжително наведување на работната позиција за која се пријавувате, доставете ја најдоцна до 23.10.2026 година преку белото копче Аплицирај.
Контакт за повеќе информации: 02 2033 530
Сите останати активни огласи од
ПЗУ Специјализирана болница Д.Мед Медикал
Зачлени се во нашиот Е-Огласник
и добивај ги најновите огласи секој понеделник
во твоето Е-сандаче


















