Сервисер за медицинска опрема

Придружете се на сервисниот тим на БИ-МЕК и станете дел од компанија посветена на обезбедување напредни медицински технологии за здравствените установи во Македонија. Оваа позиција нуди континуирано професионално усовршување, практична работа со современи медицински технологии и можност за стекнување специјализирани знаења и сертификати од водечки светски производители.

Потребни квалификации:

  • Инженер од техничките науки (ВСС: Машински / Електроинженер);
  • Електро-техничар (CCC во областа на електротехника);

Работно искуство во инсталирање, одржување и сервисирање на апарати во иста или слична област ќе се смета за предност.

Обврски и одговорности:

  • Инсталација, монтажа и техничка обука за нова медицинска опрема според упатствата на производителите;
  • Редовна коресподенција со добавувачи и клиенти за сервис на опремата;
  • Технички прием на роба при сервис, комплетна евиденција, сервисирање на апаратите инсталирани од страна на компанијата;
  • Навремено решавање на сервисни барања на клиентите во соработка со сервисниот тим;
  • Следење на иновации во рамките на проблематиката поврзана со сервисирањето;
  • Следење на обуки и вебинари од производителите на опремата;
  • Да ги следи воспоставените стандардни оперативни процедури и добри практики во компанијата.

Потребни вештини и способности:

  • Одлични комуникациски способности;
  • Организираност и одговорност кон доверените работни задачи;
  • Самоиницијативност и амбициозност за усовршување на знаење и вештини;
  • Флексибилност и способност за тимско работење;
  • Спремност да се носи со предизвици и кратки работни рокови;
  • Активно познавање на англиски јазик;
  • Одлично познавање на MS Office;
  • Возачка дозвола Б категорија;
  • Способност за работа на терен.

Ние нудиме:

Нашата работна атмосфера е стимулирачка, иновативна и фокусирана на клиентите. Ние им нудиме на вработените најсовремени алатки и технологии, континуирана обука и можност за напредување, работа во амбициозен и професионален тим со мoжност за посетување на обуки и стекнување на сертификати.

Ве поттикнуваме да ја започнете или продолжите својата кариера во динамичен и високопрофесионален тим со нови знаења за напредни медицински технологии и Ве повикуваме да ја испратите својата биографија со фотографија преку белото копче Аплицирај со назнака СЕРВИСЕР ЗА МЕДИЦИНСКА ОПРЕМА најдоцна до 25.10.2026 година.

*Во процесот на избор на кандидат за работното место ќе бидат исконтактирани единствено лицата кои ги исполнуваат условите од овој Оглас.

*Сите пристигнати пријави ќе се сметаат за строго доверливи.