Сметководител
-
Категорија
-
Плата
Солидни и редовни месечни примања


Приватна здравствена установа – Специјализирана болница по нефрологија со дијализа Д.МЕД МЕДИКАЛ Скопје е дел од D.Med Healthcare Group со седиште во Дизелдорф, Германија.
D.Med Healthcare Group е глобален проваидер на медицински услуги и производи со посебен фокус на нефрологија со дијализата како и производи во други медицински области.
Специјализираната болница Д.МЕД МЕДИКАЛ Скопје, како дел од групацијата обезбедува висококвалитетни услуги за дијализа за пациенти кои имаат бубрежни заболувања, бубрежна инсуфициенција и пациенти кои се на хронична програма за хемодијализа и хемодијафилтрација.
За потребите на Установата, објавуваме Оглас за пополнување на следното работно место:
Сметководител
Потребни квалификации:
- Завршено високо образование од областа на економските науки;
- Поседување лиценца за овластен сметководител;
- Претходно работно искуство на иста или слична работна позиција од најмалку една година;
- Познавање на законската регулатива од областа на сметководството, даноците и финансиското работење;
- Одлично познавање и практично користење на MS Office пакетот;
- Познавање на англиски јазик.
Личен профил:
- Развиени организациски и комуникациски способности;
- Способност за тимска и самостојна работа;
- Систематичност, прецизност и ориентираност кон детали;
- Иницијативност, посветеност и амбициозност;
- Одговорност и доследност во почитувањето и примената на пропишаните процедури и интерните акти на установата.
Што нудиме:
- Можност за професионален развој и надоградба;
- Работа во компанија која е дел од странска групација;
- Солидни и редовни месечни примања согласно законската и подзаконската регулатива во Р.С Македонија.
Доколку ги исполнувате наведените услови и сакате да работите во динамична интернационална компанија, со можност за професионално усовршување и напредување, Вашата биографија, со задолжително наведување на работната позиција за која се пријавувате, доставете ја најдоцна до 24.11.2026 година преку белото копче Аплицирај.
Сите останати активни огласи од
ПЗУ Специјализирана болница Д.Мед Медикал
Зачлени се во нашиот Е-Огласник
и добивај ги најновите огласи секој понеделник
во твоето Е-сандаче












