Персонал за работа – продажба и маркетинг
-
Категорија
-
Плата/


Jivi Home го проширува својот тим,
има потреба од вработување на:
Персонал за работа – продажба и маркетинг
Локација: Гевгелија
1.Продажен советник во Џиви Техника
Позицијата првенствено опфаќа комуникација со купувачи, презентација и продажба на производите и грижа за изложбениот простор. По потреба, вклучува и повремена испорака на производи во рамки на работното време.
Услови:
- Возачка дозвола Б категорија — задолжителна;
- Комуникативност, одговорност и организираност;
- Интерес за техника и подготвеност за учење;
- Претходно искуство во продажба ќе се смета за предност.
2. Продажен советник / Social Media & Marketing — Jivi Mebel
Позицијата опфаќа советување на купувачите и продажба во салонот за мебел, како и учество во промоцијата на производите преку социјалните мрежи.
Маркетинг активностите вклучуваат фотографирање на производи, снимање кратки видеа и подготовка на објави според договорен план.
Се бара комуникативна, креативна и организирана личност со интерес за мебел и уредување на домот и познавање на Instagram и Facebook. Познавањето на Canva и алатки за обработка на кратки видеа ќе се смета за предност.
Заинтересираните кандидати кратка биографија (CV) да испратат преку белото копче Аплицирај.
Контакт за повеќе информации: 077/ 838 529
Зачлени се во нашиот Е-Огласник
и добивај ги најновите огласи секој понеделник
во твоето Е-сандаче













