Приватната здравствена установа – Специјализирана болница по нефрологија со дијализа Д.МЕД МЕДИКАЛ Скопје е дел од D.Med Healthcare Group, со седиште во Дизелдорф, Германија.

D.Med Healthcare Group е меѓународна групација која обезбедува медицински услуги и производи, со посебен фокус на областа на нефрологијата и дијализата, како и на други медицински области.

Како дел од групацијата, Специјализираната болница Д.МЕД МЕДИКАЛ Скопје обезбедува висококвалитетни здравствени услуги за пациенти со бубрежни заболувања и бубрежна инсуфициенција, вклучително и пациенти кои се на хронична програма за дијализа.


За потребите на Установата, објавуваме Оглас за пополнување на следното работно место:

АДМИНИСТРАТОР НА ПРИЕМЕН ПУЛТ

Потребни квалификации и познавања:

  • Минимум завршено средно образование;
  • Работно искуство во здравствена установа ќе се смета за предност;
  • Познавање на англиски јазик;
  • Познавање и активно користење на компјутери, со одлично познавање на MS Office.

Личен профил:

  • Професионален однос кон работата, одговорност и дисциплинираност;
  • Почитување на правилата и кодексот на професионално однесување;
  • Внимателност и прецизност при извршување на работните задачи;
  • Способност за самостојна и тимска работа;
  • Иницијативност, мотивираност и подготвеност за континуирана едукација и надградба на знаењата.

Што нудиме:

  • Можност за професионален развој и надградба;
  • Работа во компанија која е дел од меѓународна групација;
  • Редовни месечни примања, согласно важечката законска регулатива во Република Северна Македонија.

Доколку ги исполнувате наведените услови и сте заинтересирани за работа во динамична меѓународна компанија, со можности за професионално усовршување и напредување, Ве покануваме да ја доставите Вашата биографија (CV), со задолжително наведување на работната позиција за која се пријавувате, најдоцна до 19.11.2026 година преку белото копче Аплицирај.