Bam Plast го проширува својот тим,
има потреба од вработување на:

Административен асистент /
Референт за односи со клиенти

Ние сме компанија специјализирана за изработка и монтажа на ролетни, комарници и решенија за уредување на домови и деловни простори.

Поради зголемен обем на работа, бараме организирана, одговорна и комуникативна личност која ќе биде дел од нашиот тим, ќе го координира секојдневното административно работење и ќе во контакт со нашите клиенти.

Вашите одговорности:

  • Секојдневна комуникација со клиенти преку телефон, е-пошта, Viber/WhatsApp и социјални мрежи;
  • Следење на пораки и коментари на Facebook и Instagram и навремено одговарање на барањата и прашањата од клиентите;
  • Прием, евидентирање и обработка на нарачки;
  • Подготовка и испраќање понуди согласно утврдениот ценовник;
  • Прецизно водење на административната евиденција и координација со тимот;
  • Следење на текот на нарачките и навремено информирање на клиентите за статусот.

Што бараме:

  • Самостојно користење на е-пошта, Viber/WhatsApp, социјални мрежи и компјутерски алатки;
  • Подготвеност брзо да совладате нови програми и системи за работа;
  • Добра организација и способност за самостојно планирање и поставување приоритети во текот на работниот ден;
  • Љубезен, професионален и јасен начин на комуникација со клиенти;
  • Солидно познавање на MS Office;
  • Претходно искуство во администрација, подготовка на понуди или директна работа со клиенти ќе се смета за предност.

Што нудиме:

  • Дефинирано работно време, без смени;
  • Редовна и навремена месечна плата;
  • Самостојна позиција со директна комуникација и соработка со менаџмент;
  • Јасно дефинирани одговорности и овластувања;
  • Целосна поддршка и воведување во работните процеси..

Доколку се пронаоѓате во оваа позиција испратете ни ја Вашата кратка биографија (CV) преку белото копче Аплицирај.