СПА Рецепционерка
Стани дел од луксузно Spa & Wellness искуство
Доколку сакаш да работиш во елегантен амбиент, со професионален тим и да бидеш првото насмеано лице кое ги пречекува гостите, ова е вистинската можност за тебе.
Bushi Resort & Spa со локација во Стара Скопска Чаршија го проширува
својот Spa & Wellness тим и вработува:
СПА Рецепционерка
Работно место во најубавиот Spa центар во градот – место каде што релаксацијата, луксузот и врвната услуга се спојуваат во едно незаборавно искуство.
Што ќе биде твоја улога?
- Пречек и услужување на гостите со насмевка и професионален пристап;
- Закажување и координација на SPA третмани;
- Комуникација со гостите и обезбедување врвно корисничко искуство;
- Грижа за беспрекорна организација на рецепцијата.
Од тебе очекуваме:
- Работно искуство (ќе се смета за предност);
- Познавање на англиски јазик;
- Основно познавање на работа со компјутер;
- Одлични комуникациски вештини;
- Љубезност, професионалност и позитивен однос кон гостите;
- Способност за самостојна и тимска работа.
Ние нудиме:
- Работа во престижен хотел со 5 ѕвезди;
- Елегантна, пријатна и мирна работна атмосфера;
- Одлична централна локација;
- Стабилно работно место во професионален тим;
- Можност за долгорочна соработка и професионален развој.
Доколку сакаш да бидеш дел од луксузен Spa & Wellness центар и да придонесуваш кон исклучително искуство за гостите, испрати ја твојата апликација преку белото копче Аплицирај и придружи ни се!
Контакт за повеќе информации: 075/228 882
-
Категорија / Индустрија / СекторХотел
-
Категорија
Зачлени се во нашиот Е-Огласник
и добивај ги најновите огласи секој понеделник
во твоето Е-сандаче







