Монтажер на системи за
Громобранска заштита и уреди за заземјување

Место на работа: с.Петровец – Скопје

Лични карактеристички и способности:

  • Минимум ССС – Предност ВСС;
  • Пожелно работно искуство во сектор електротехника;
  • Задолжителна возачка Б категорија (активен возач автомобил и комбе);
  • Самоиницијативност при извршување на работните задачи;
  • Способности за организација и тимска работа;
  • Комуникативност, организираност, систематичност и темелност во работата, навремено и креативно исполнување на обврските, чувство за тимска работа и превземање одговорност.

Работни задачи:

  • Монтажа на системи за громобранска заштита и заземјување. Ракување со мали и големи батериски и рачни алати (хилта, штрафилица, брусалка);
  • Работа на висина;
  • Читање на техничка документација;
  • Организација на потребни алати, човечки ресурси  и елементи за изведба на конкретен објект;
  • Предвидување на рокот потребен за изведба на конкретни објекти;
  • Запознавање на Законската регулатива од областа на безбедност и здравје при работа и спроведување на истата за себе и за преостанатите монтажери;
  • Активна едукација во областа и запознавање со сите елементи кои се дел од системите, водење на лагер листа на материјали согласно идните објекти, како и набавка на друг потршен материјал;
  • Раководење со останатите монтажери и давање на насоки на истете за одржување на чист и пријатен работен простор (магацин), како и навремено сервисирање на: ПП-апарати, алати, возила;
  • Редовно давање на извештаии за сработеното и количината на употребени елементи при изведба на објектите, водење градежни книги;
  • Повремена теренска работа во други градови со обезбеден оброк;
  • Очекувани резултати од кандидатот се по првите 6 месеци сам да раководи со другите монтажери и изведува објекти.

Ние нудиме:

  • Сигурна и конкурентска плата;
  • Обезбеден превоз до работно место со службено возило или платено гориво на приватно возило;
  • Обезбедување на најсовремени обуки од областа и за работа на висина во земјата и странство;
  • Слободни денови плус 10 од законски предвидените.

Дополнителни информации:

  • Работно време 08:00 до 16:00 часот (пон-пет) и две саботи во месецот.

Задолжително: желба за брзо учење и едукација во областа.

Сите заинтересирани кандидати може да го испратат своето CV преку белото копче Аплицирај.