Фарбар и Помошник фарбар
-
Категорија
-
Плата
Редовна и конкурентна плата


Тони Мебел – Гроуп се занимава со изработка на кујни, плакари, комоди, спални и детски соби, како и канцелариски и плочест мебел по мерка. Со нашите идејни решенија за внатрешно уредување создаваме уникатни, функционални и квалитетни простори за нашите клиенти. Во рамки на производствениот процес ги нудиме следните услуги:
- Ровер обработка;
- CNC обработка;
- Фарбање на мебел, медијапан, масив и фурнир.
Тони Мебел – Гроуп го проширува својот тим! Поради зголемен обем на работа, имаме потреба од нови членови на тимот за следните позиции:
Фарбар и Помошник фарбар
Основни работни задачи:
Фарбар:
- Подготовка на површини за фарбање (шмирглање, чистење и китување по потреба);
- Подготовка и нанесување на бои, лакови и други премази на мебел;
- Работа со професионална опрема и комора за фарбање;
- Контрола на квалитетот на финалната обработка;
- Одржување на работната опрема и почитување на безбедносните стандарди.
Помошник фарбар:
- Подготовка на елементи за фарбање;
- Помош при нанесување на бои и лакови;
- Шмирглање, чистење и подготовка на површини;
- Транспорт и правилно складирање на готовите елементи;
- Одржување на чиста и организирана работна средина.
Потребни квалификации:
- Завршено средно образование;
- За позицијата Фарбар минимум 1 година работно искуство;
- За позицијата Помошник фарбар не е задолжително претходно искуство – обезбедуваме обука;
- Одговорност, прецизност и внимание на детали;
- Способност за тимска работа и почитување на работните рокови.
Компанијата нуди:
- Редовна и конкурентна плата;
- Пријавен работен однос;
- Работа во современа и опремена столарска работилница;
- Обука и можност за професионален развој;
- Пријатна работна атмосфера и стабилно работно место;
- Можност за долгорочно вработување;
- Можност за напредување од Помошник фарбар до Фарбар.
Локација: Кучевачка Бара, последна 19ка
Ако имате желба да работите во одлични услови со одличен тим испратете го вашето “СV“ преку белото копче Аплицирај.
Контакт за повеќе информации: 078/829 873 Иван и 071/377 905 Тони.
Сите останати активни огласи од
Тони Мебел-Гроуп
Зачлени се во нашиот Е-Огласник
и добивај ги најновите огласи секој понеделник
во твоето Е-сандаче











