Тони Мебел-Гроуп се занимава со изработка на мебел по мерка, вклучувајќи кујни, плакари, комоди, спални и детски соби, како и канцелариски и друг плочест мебел.

Преку креативни идејни решенија за внатрешно уредување, создаваме уникатни, функционални и естетски уредени простори, целосно приспособени на потребите и желбите на клиентите.

Во рамките на нашето работење нудиме и специјализирани услуги како CNC обработка, работа со РОВЕР машина и професионално фарбање на мебел од медијапан, масивно дрво и фурнир.

Што нудиме на нашите вработени?

  • Работа во креативен и професионален тим;
  • Современи услови за работа;
  • Можности за професионален развој и усовршување на нови техники во мебелната индустрија;
  • Учество во интересни и уникатни проекти.
  • Седиште
    Скопје, Бутел
  • Локација
    Александар Ударевски бб
  • Основана
    2011