Раководител на сервис

Придружи се на тимот на Аполо/Мојтонер!
Поради проширување на нашиот тим, бараме мотивирана и одговорна личност за позицијата:
Раководител на сервис
Доколку имаш искуство со сервисирање на принтери, сакаш организација на тим и процеси, и бараш стабилна компанија во која можеш професионално да напредуваш – ова е вистинската можност за тебе.
Твоите одговорности:
- Самостојно организирање и раководење со работата на сервисниот оддел;
- Управување со сервис за принтери Pantum и XPrinter, како и оригинални и компатибилни тонери;
- Подготовка на понуди и тендери за сервис и одржување на принтери;
- Планирање и набавка на резервни делови, чипови за тонери и останат сервисен материјал;
- Координација на сервисните активности и грижа за квалитетна услуга кон клиентите.
Ти си идеален кандидат ако:
- Имаш претходно искуство во сервисирање на принтери, тонери или друга техничка опрема;
- Си организирана, одговорна и мотивирана личност;
- Имаш завршено високо образование;
- Солидно го познаваш англискиот јазик;
- Поседуваш возачка дозвола Б категорија;
- Умееш успешно да работиш самостојно, но и како дел од тим.
Што нудиме?
- Конкурентна плата по договор, согласно твоето искуство и знаење;
- Редовни примања и стабилно работно место;
- Професионални обуки и можност за едукација во сервисните центри на Pantum во Кина;
- Исплата на регрес за годишен одмор (К-15);
- Пријатна работна атмосфера и можност за долгорочен професионален развој.
Работно време:
- Понеделник – Четврток: 08:30 – 16:30 часот;
- Петок: 08:00 – 16:00 часот.
Доколку сакаш да бидеш дел од успешен и професионален тим, испрати го твоето CV на: konkurs@apollo.com.mk или аплицирај преку белото копче Аплицирај.
Рок за пријавување: 27.07.2026 година
Те очекуваме во тимот на Аполо/Мојтонер!
-
Категорија / Индустрија / СекторУвоз и дистрибуција на принтерски материјали
-
Категорија
-
Плата
Конкурентна плата по договор
Зачлени се во нашиот Е-Огласник
и добивај ги најновите огласи секој понеделник
во твоето Е-сандаче






