Медицински физичар
-
Категорија
-
Плата/


Клиничката болница „Аџибадем Систина”
има потреба од вработување на:
Медицински физичар
Опис на работното место:
Медицинскиот физичар е одговорен за примена на принципите и методите на медицинската физика во здравствената дејност на болницата, оптимизација на медицинските процедури и безбедна употреба на медицинската опрема која произведува јонизирачко зрачење.
- Одговорен е за дозиметрија, калибрација и контрола на квалитетот на апаратурата во радиотерапија;
- Организира и врши технички процедури кои се дел од третманот на пациентот;
- Врши планирање и надозр на радиотерапевтски третман, во координација со тимот лекар радиотерапевт и радиолошки технолог од одделот;
- Учествува во едукација и вклучување на нови вработени во Одделот во врска со опремата и радијационата заштита;
- Се грижи за безбедност и заштита од радијација, се грижи за начинот на работа и постојано е во тек со нови техники и опрема.
Потребни квалификации и познавања;
- Завршено високо образование (ПМФ- Физика);
- Магистериум од областа ќе се смета за предност;
- Специјализација од Медицинска физика (Медицински факултет);
- Работно искуство од над 5 години во радиотерапија или клиничка дозиметрија;
- Познавање на англиски јазик;
- Познавање на работа со компутери;
- Прецизност и аналитички пристап кон работата;
- Посветеност на безбедноста на пациентите и вработените;
- Високо ниво на доверливост и етика.
Дополнителни информации:
- Огласот е отворен 15 дена. Апликациите треба да бидат доставени преку белото копче Аплицирај или по пошта на: Клиничка Болница „Аџибадем Систина“, ул. „Скупи“ 5А, 1000 Скопје;
- Уредна пријава ќе се смета секоја навремена пријава по Огласот;
- Дискреција на кандидатите е загарантирана.
Сите останати активни огласи од
Аџибадем Систина
Зачлени се во нашиот Е-Огласник
и добивај ги најновите огласи секој понеделник
во твоето Е-сандаче












