Клиничка Болница “Аџибадем Систина” 
има потреба од :

Возач (1 извршител)

Опис на работното место:

Управување со возилото за транспорт на вработени по утврдена локација и утврден временски распоред.
Управување со службените возила според план за работа на дневно ниво.
Управување со амбулатно возило за потребите на болницата.
Одговорен е да изврши испорака на документи, производи и други материјали следејќи ги  утврдените насоки и временски распоред.

Потребни квалификации и познавања:

  • Завршено средно образование;
  • Задолжително поседување на возачка дозвола Б и Ц категорија, поседување на Д категорија ќе се смета за предност
  • Познавање на англиски јазик ќе се смета за предност;
  • Организациски вештини;
  • Комуникациски вештини;
  • Способност за координација;
  • Способност за соодветно реагирање во итни ситуации.

Дополнителни информации:

  • Огласот е отворен 15 (петнаесет) работни дена. Апликациите треба да бидат доставени преку белото копче Аплицирај или по пошта на: Клиничка Болница „Аџибадем Систина“, ул. „Скупи“ 5А, 1000 Скопје.
  • Уредна пријава ќе се смета секоја навремена пријава по огласот.
  • Дискреција на кандидатите е загарантирана.
  • Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг ќе бидат повикани на интервју.