Јавен повик – „Млади менаџери и бизнис-лидери“
Под покровителство на Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија, а во соработка со Советот на странски инвеститори при Стопанската комора на Македонија во претстојниот период ќе се реализира програмата „Млади менаџери и бизнис-лидери“.
Целта на програмата е преку трансфер на знаења овозможен преку соработката на Претседателот и Советот на странски инвеститори, избраните кандидати да се стекнат со обуки за стратешко планирање и лидерски вештини, како и да им биде овозможена посета на различни сектори во рамките на компаниите коишто ги селектирал избраниот кандидат.
Право на пријавување на јавниот повик имаат:
- студенти коишто се во последната година од нивните додипломски студии;
- дипломирани студенти;
- студенти на магистерски и докторски студии на универзитети/факултети по економија, право, човечки ресурси, менаџмент, јавна администрација, бизнис или научна област со која се занимаваат компаниите, вклучени во оваа програма.
Старосната граница е 29 години.

На избраните учесници ќе им биде овозможено учество на вебинари, подготовка на „студија на случај“, како и можности за комуникација и присуство на состаноци со извршниот директор.
Истовремено, програмата ќе придонесе да се откријат потенцијални таленти, на компаниите кои ќе учествуваат во Проектот ќе им овозможи подобро да разберат што ги мотивира младите и да се воспостави мрежа на идни бизнис-лидери и менаџери.
Пријавувањето трае најдоцна до 20.11.2020 година.
Повеќе информации околу програмата може да прочитате во Јавниот повик објавен на веб-страната на Претседателот и на www.fic.mk.
Останати информации
Подготовка за интервју за работа
Интервјуто за работа е клучниот чекор меѓу апликацијата и вработувањето. Добрата подготовка може значително да... прочитај повеќе
Како да најдете работа без работно искуство
Најголемиот предизвик при барање прва работа е недостатокот на работно искуство. Со правилно CV, насочени... прочитај повеќе
Како да напишете мотивациско писмо
Во денешниот конкурентен пазар на труд, доброто CV сè почесто е пропратено со мотивациско писмо... прочитај повеќе









