Министерството за економија и труд ја објави програмата на неработни денови за 2027 година.

Согласно со Законот за празниците на Република Македонија (Сл.весник на РМ број 21/98 и 18/07) во 2027 година неработни денови се:

За сите граѓани на РСМ:

  • 1 јануари (петок), Нова Година;
  • 7 јануари (четврток), Божиќ, првиот ден на Божиќ според православниот календар;
  • 9 март (вторник), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам;
  • 1 мај (сабота), Ден на трудот;
  • 3 мај (понеделник), Вториот ден на Велигден според православниот календар;
  • 24 мај (понеделник), „Св. Кирил и Методиј“- Ден на сесловенските просветители;
  • 2 август (понеделник), Ден на Републиката;
  • 8 септември (среда), Ден на независноста;
  • 11 октомври (понеделник), Ден на народното востание;
  • 23 октомври (сабота), Ден на македонската револуционерна борба;
  • 8 декември (среда), “Св. Климент Охридски”.

За граѓаните од православна вероисповед:

  • 6 јануари (среда), Бадник, ден пред Божиќ;
  • 19 јануари (вторник), Богојавление (Водици);
  • 30 април (петок), Велики Петок, петок пред Велигден;
  • 18 јуни (петок), Духовден, петок пред Духовден;
  • 28 август (сабота), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица).

За граѓаните од католичка вероисповед:

  • 29 март (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден;
  • 1 ноември (понеделник), Празникот на сите светци;
  • 25 декември (сабота), првиот ден на Божиќ.

За граѓаните од муслиманска вероисповед:

  • 16 мај (недела), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам.

За граѓаните припадници на албанската заедница во РСМ:

  • 22 ноември (понеделник), Ден на албанската азбука.

За граѓаните припадници на српската заедница во РСМ:

  • 27 јануари (среда), Свети Сава.

За граѓаните припадници на ромската заедница во РСМ:

  • 8 април (четврток), Меѓународен ден на Ромите.

За граѓаните припадници на влашката заедница во РСМ:

  • 23 мај (недела), Национален ден на Власите.

За граѓаните припадници на еврејската заедница во РСМ:

  • 11 октомври (понеделник), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур.

За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РСМ:

  • 28 септември (вторник), Меѓународен ден на Бошњаците.

За граѓаните припадници на турската заедница во РСМ:

  • 21 декември (вторник), Ден на настава на турски јазик.