Неработни денови 2024 година


Министерството за труд и социјална политика ја објави програмата на неработни денови за 2024 година.
За сите граѓани на РСМ:
- 01 јануари (понеделник), Нова Година;
- 07 јануари (недела), Божиќ, според православниот календар, односно 08 јануари (понеделник) е неработен ден;
- 10 април (среда), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам;
- 1 мај (среда), Ден на трудот;
- 06 мај (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар;
- 24 мај (петок) „Св. Кирил и Методиј“ Ден на сесловенските просветители;
- 02 август (петок), Ден на Републиката;
- 8 септември (недела), Ден на независноста, односно
09 септември (понеделник) е неработен ден; - 11 октомври (петок), Ден на народното востание;
- 23 октомври (среда), Ден на македонската револуционерна борба;
- 8 декември (недела), „Св. Климент Охридски“, односно 09 декември (понеделник) е неработен ден.
За граѓаните од православна вероисповед:
- 06 јануари (сабота), Бадник, ден пред Божиќ;
- 19 јануари (петок), Богојавление (Водици);
- 03 мај (петок), Велики Петок, петок пред Велигден;
- 21 јуни (петок), Духовден, петок пред Духовден;
- 28 август (среда), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица).
За граѓаните од католичка вероисповед:
- 01 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден;
- 01 ноември (петок), Празникот на сите светци;
- 25 декември (среда), првиот ден на Божиќ.
За граѓаните од муслиманска вероисповед:
- 16 јуни (недела), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам.
За граѓаните припадници на албанската заедница:
- 22 ноември (петок), Ден на албанската азбука.
За граѓаните припадници на српската заедница:
- 27 јануари (сабота), Свети Сава.
За граѓаните припадници на ромската заедница
- 08 април (понеделник), Меѓународен ден на Ромите.
За граѓаните припадници на влашката заедница
- 23 мај (четврток), Национален ден на Власите.
За граѓаните припадници на еврејската заедница:
- 12 октомври (сабота), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур.
За граѓаните припадници на бошњачката заедница:
- 28 септември (сабота), Меѓународен ден на Бошњаците.
За граѓаните припадници на турската заедница:
- 21 декември (сабота), Ден на настава на турски јазик.
Слични информации
Неработни денови 2026 година
Министерството за економија и труд ја објави програмата на неработни денови за 2026 година. Согласно... прочитај повеќе
Неработни денови 2025 година
Министерството за труд и социјална политика ја објави програмата на неработни денови за 2025 година.... прочитај повеќе
Неработни денови 2023 година
Согласно со Законот за празниците на Република Македонија (Сл.весник на РМ број 21/98... прочитај повеќе














