INTERNATIONAL SCHOOL MAXIMILIAN ВРАБОТУВА

НАСТАВНИК ПО ПРИРОДНИ НАУКИ

Биологија • Хемија • Физика

International School Maximilian го проширува својот наставен тим и бара мотивиран, посветен и стручен Наставник по природни науки за настава на англиски јазик.

Бараме кандидат со широки познавања од областа на природните науки – биологија, хемија и физика, кој, во зависност од потребите и распоредот на училиштето, ќе може да реализира настава по повеќе или сите наведени предмети.

Од кандидатот очекуваме:

 

  • Соодветно високо образование од областа на природните науки, биологија, хемија, физика или сродна област;
  • Одлично познавање на англискиот јазик, со способност за целосно реализирање на наставата на англиски јазик;
  • Познавања и способност за предавање на содржини од биологија, хемија и физика;
  • Способност за работа со ученици од различни возрасни групи;
  • Современ, практичен и истражувачки пристап кон наставата;
  • Подготвеност за работа во меѓународна и мултикултурна училишна средина;
  • Одговорност, професионалност, иницијативност и желба за континуиран професионален развој.

Предност ќе имаат кандидати кои:

  • Имаат претходно наставно искуство;
  • Имаат искуство со меѓународни наставни програми;
  • Можат самостојно да планираат и реализираат лабораториски, практични и истражувачки активности;
  • Имаат флексибилност да покриваат повеќе предмети од областа на природните науки.

Нудиме:

Работа во динамична меѓународна образовна средина, мали групи на ученици, можности за професионален развој и простор за примена на современи и иновативни наставни методи.

Работна локација: Скопје
Работен јазик: Англиски

Заинтересираните кандидати треба да достават CV преку белото копче Аплицирај.

Стани дел од International School Maximilian и од тим кој верува дека науката најдобро се учи преку љубопитност, истражување и откривање.