Машински инженер – проектант
-
Категорија
-
Плата
Конкурентна плата


Golden Art е градежна и инвестициска компанија со повеќе од 20 години континуирано присуство на пазарот, со сопствени инвестиции, проектирање, надзор и изведба на станбени и деловни објекти.
Како дел од континуираниот развој на компанијата и зголемениот обем на работа, го зајакнуваме нашиот тим во рамки на Проектно – техничкиот сектор и отвораме 1 работнa позиција:
Машински инженер – проектант
Опис на работната позиција:
- Изработка и разработка на проекти за машински инсталации за станбени и деловни објекти;
- Изработка на технички пресметки, шеми, детали, спецификации и предмери;
- Подготовка на проектна и техничка документација согласно важечките стандарди и прописи;
- Координација со архитектите, градежните и електроинженерите и останатите учесници во проектниот процес;
- Стручна поддршка при реализација на проектите и контрола на усогласеноста на изведбата со проектната документација.
Потребни квалификации и способности:
- Завршено високо образование – Машински факултет;
- Минимум 3 години работно искуство во проектирање на машински инсталации;
- Практично познавање на системи за греење, ладење, вентилација и други машински инсталации во високоградба;
- Активно користење на AutoCAD и MS Office, познавање на Revit MEP ќе се смета за предност;
- Познавање на техничките стандарди, нормативи и законската регулатива од областа;
- Овластување за проектирање А или Б ќе се смета за предност.
Нудиме:
- Работа во стабилна и долгорочно ориентирана компанија;
- Конкурентна плата и професионални услови за работа;
- Работа на разновидни, комплексни и динамични проекти;
- Јасно дефинирани улоги, процеси и одговорности;
- Можност за професионален развој, усовршување и напредување.
Начин на аплицирање:
Заинтересираните кандидати да достават:
- Кратка биографија (CV), а за проектантските позиции и портфолио или листа на референтни проекти преку белото копче Аплицирај;
- Во насловот на email-пораката задолжително да биде наведена работната позиција за која кандидатот аплицира;
- Контакт телефон: 070/236 407;
- Кандидатите кои ги исполнуваат условите ќе бидат контактирани за интервју;
- Рок за аплицирање: 15.08.2026 година.
Сите останати активни огласи од
Golden Art
Зачлени се во нашиот Е-Огласник
и добивај ги најновите огласи секој понеделник
во твоето Е-сандаче










