Golden Art е градежна и инвестициска компанија со повеќе од 20 години континуирано присуство на пазарот, со сопствени инвестиции, проектирање, надзор и изведба на станбени и деловни објекти.

Како дел од континуираниот развој на компанијата и зголемениот обем на работа, го зајакнуваме нашиот тим во рамки на Проектно – техничкиот сектор и отвораме 1 работнa позиција:

Проектен менаџер

Опис на работната позиција:

  • Планирање, организирање и следење на проектите од иницијална фаза до целосна реализација;
  • Координација на проектантите, изведувачите, надзорот, добавувачите и останатите учесници во проектниот процес;
  • Управување со рокови, ресурси, буџети, ризици и приоритети на проектите;
  • Организирање состаноци, подготовка на извештаи и навремено информирање на менаџментот за статусот на проектите;
  • Обезбедување усогласеност на реализацијата со проектната документација, договорните обврски и важечките прописи.

Потребни квалификации и способности:

  • Завршено високо образование од техничките науки – градежништво, архитектура, машинство, електротехника или сродна област;
  • Минимум 5 години работно искуство во водење и координирање на проекти, со предност во градежништво и инвестициски проекти;
  • Одлични организациски, комуникациски и лидерски способности;
  • Способност за управување со повеќе задачи, рокови и учесници истовремено;
  • Активно користење на MS Office, познавање на MS Project, ClickUp или сродни алатки ќе се смета за предност.

Нудиме:

  • Работа во стабилна и долгорочно ориентирана компанија;
  • Конкурентна плата и професионални услови за работа;
  • Работа на разновидни, комплексни и динамични проекти;
  • Јасно дефинирани улоги, процеси и одговорности;
  • Можност за професионален развој, усовршување и напредување.

Начин на аплицирање:

Заинтересираните кандидати да достават:

  • Кратка биографија (CV), а за проектантските позиции и портфолио или листа на референтни проекти преку белото копче Аплицирај;
  • Во насловот на email-пораката задолжително да биде наведена работната позиција за која кандидатот аплицира;
  • Контакт телефон: 070/236 407;
  • Кандидатите кои ги исполнуваат условите ќе бидат контактирани за интервју;
  • Рок за аплицирање: 15.08.2026 година.