𝗖ity Build е градежна компанија препознатлива по своето професионално работење, стабилност и долгогодишно искуство во градежниот сектор. Во согласност со развојните планови на компанијата, го прошируваме нашиот тим во Сектор за сметководство, финансии и комерција.

Вработуваме:

Овластен сметководител

Локација: Скопје

Опис на работна позиција:

  • Водење на сметководственото работење согласно законските прописи;
  • Подготовка на даночни пријави;
  • Работа во сметководствен програм Пантеон;
  • Изработка на завршна сметка и годишни финансиски извештаи;
  • Координација на сметководствените процеси;
  • Контрола на точноста на документацијата и финансиските евиденции;
  • Соработка со останатите сектори во компанијата.

Потребни квалификации и способности:

  • Лиценца за овластен сметководител;
  • Работно искуство во сметководство и финансии;
  • Познавање на законски прописи од областа на сметководство и даноци;
  • Познавање на работа во Пантеон ќе се смета за предност;
  • Високо ниво на одговорност, точност и професионалност;
  • Способност за организација и координација на процеси.

Што обезбедуваме:

  • Современ и структуриран систем;
  • Стабилно и долгорочно вработување;
  • Конкурентна плата;
  • Можност за професионален развој и напредување;
  • Работа во професионален и организиран тим;
  • Почитување и вреднување на стручноста, посветеноста и професионалноста.

Доколку си одговорен, искусен и сакаш да бидеш дел од сериозна компанија која го цени трудот и квалитетната работа – аплицирај преку белото копче Аплицирај.

Сите пристигнати Биографии ќе се третираат со максимална доверливост и во согласност со Законот за заштита на лични податоци.

Контакт за повеќе информации: 078/290 352