Магационер
-
Категорија
-
Платаод 30.000 до 35.000 МКД
+ бонуси за месечни и годишни реализации


Baukit го проширува својот тим,
има потреба од вработување на:
Магационер
Локација: Магацинот се наоѓа во Маџари, Скопје
Асортиманот на производи, предмет на продажба, опфаќа голем избор на рачен и електричен алат, скали и скелиња, како и останат придружен асортиман за градежништво и индустрија.
Одговорности и обврски:
Извршување на секојдневни активности во магацинот и продавницата:
- Подготвување на нарачки и издавање на стока од магацин;
- Товарање на стока во возила за транспорт;
- Одржување на ред и организираност во магацински простор;
- Учество во пописи на роба.
Потребни квалификации:
- Самоиницијативност;
- Одговорност во извршување на работните задачи;
- Прецизност и ажурност во работата;
- Возачка дозвола Б категорија;
- Основни познавања во работа на компјутери.
Услови за работа:
- Редовна месечна плата (од 30.000 до 35.000 денари, зависно од претходно искуство);
- Редовен работен однос и солидни примања;
- Пријатна работна атмосфера;
- Работа во една смена;
- Бонуси за месечни и годишни реализации.
Заинтересираните кандидати својата кратка биографија (CV) да ја испратат преку белото копче Аплицирај.
Зачлени се во нашиот Е-Огласник
и добивај ги најновите огласи секој понеделник
во твоето Е-сандаче













