Проектен инженер – развој на бизнис
-
Категорија
-
Плата
Конкурентна фиксна плата


Проектен инженер – развој на бизнис
Тимелпроект Скопје има потреба од Проектен инженер кој ќе биде одговорен за подготовка на понуди, комуникација со инвеститори и развој на нови деловни можности.
Работни задачи:
- Подготовка на технички и комерцијални понуди;
- Анализа на тендерска документација;
- Следење на јавни набавки и тендерски постапки;
- Комуникација со инвеститори, проектанти, добавувачи и партнери;
- Активно воспоставување нови деловни контакти;
- Обезбедување нови клиенти и нови проекти за компанијата;
- Координација со инженерските тимови при подготовка на понудите и реализација на проектите.
Потребни квалификации:
- Дипломиран електроинженер;
- Познавање на MS Office;
- Познавање на англиски јазик;
- Возачка дозвола – Б категорија;
- Одлични комуникациски и преговарачки способности;
- Проактивност и ориентираност кон резултати.
Нудиме:
- Работа на значајни енергетски проекти;
- Континуирана обука и професионален развој;
- Конкурентна фиксна плата;
- Дополнителен финансиски бонус за секој нов клиент и секој успешно договорен и реализиран проект обезбеден преку Ваш ангажман;
- Можност за напредување и долгорочна кариера.
Испратете ја Вашата биографија преку белото копче Аплицирај и станете дел од тимот на Тимелпроект Скопје.
Сите останати активни огласи од
Тимелпроект
Зачлени се во нашиот Е-Огласник
и добивај ги најновите огласи секој понеделник
во твоето Е-сандаче











