Нашата цвеќарница Сончевина Блум (нас. Аеродром)
бара нов цвет во тимот!
 
Во потрага сме по искусна Цвеќарка за работа во втора смена.
 
Ако имаш искуство со изработка на букети и цветни аранжмани, сакаш работа со луѓе и уживаш да создаваш насмевки преку убавината на цвеќето – можеби токму тебе те бараме! 
 
Потребно е:
  • Претходно работно искуство во цвеќарница;
  • Креативност и чувство за детали;
  • Одговорност и љубезност кон клиентите;
  • Подготвеност за работа исклучиво во втора смена.
Ние нудиме:
  • Пријатна работна атмосфера;
  • Добра плата;
  • Можност да бидеш дел од тим кој секој ден внесува боја и убавина во нечиј ден.
За повеќе информации и пријава, испрати порака или јави се на: 070/234 103 -Тања
 
Те очекуваме да расцветаш заедно со нас!