Power View го проширува својот тим,
има потреба од вработување на:

Координатор за проекти,
оперативна имплементација и организација

Компанијата бара високо организирана, комуникативна и иницијативна личност која ќе биде одговорна за координација на проекти, следење на активности, комуникација со клиенти и партнери, подготовка на извештаи и оперативна поддршка во секојдневното работење.

Оваа позиција  вклучува  координација на вработени, технички активности, клиентски задачи, состаноци, документација, рокови и follow-up активности и проекти на кои учествува компанијата.

Бараме личност која знае да комуницира со луѓе, да следи обврски, да предлага решенија и да помогне работите да се реализираат навреме.

Главни одговорности:

  • Координација на тековни проекти, активности и задачи во компанијата;
  • Следење на рокови, обврски и статус на реализација;
  • Координација на вработени, технички тимови, надворешни соработници и партнери;
  • Комуникација со клиенти, партнери и корисници;
  • Подготовка и уредување на проектни извештаи, записници, планови и друга документација;
  • Поддршка во имплементација технички , комерцијални и ЕУ проекти;
  • Организација на состаноци и следење на договорените заклучоци и задачи;
  • Подготовка на кратки статус – извештаи за менаџментот;
  • Поддршка при решавање оперативни проблеми и усогласување меѓу различни страни;
  • Работа со Excel, Word, PowerPoint и други алатки за организација и следење на активности.

Потребни квалификации и вештини:

  • Одлични комуникациски и организациски способности;
  • Способност за професионална комуникација со клиенти, партнери и вработени;
  • Многу добро познавање на англиски јазик, писмено и усно;
  • Добро познавање на office алатки;
  • Способност за самостојна работа, следење рокови и преземање иницијатива;
  • Практичен пристап кон решавање проблеми;
  • Способност за работа со повеќе луѓе, задачи и приоритети истовремено;
  • Одговорност, точност и способност за јасно писмено изразување.

Пожелно искуство:

  • Искуство во координација на проекти, оперативна работа, работа со клиенти, подготовка на извештаи или следење на тимски активности;

Искуство кое носи уште повеќе поени:

  • Искуство со ЕУ проекти, донаторски или технички проекти ќе се смета за предност (не е задолжително);
  • Искуство во инженерска, ИТ, консултантска или проектно ориентирана компанија ќе се смета за предност (не е задолжително).

Идеален кандидат е личност која:

  • Не чека инструкции за секој чекор, туку активно ги следи задачите;
  • Умее смирено, јасно и професионално да комуницира со различни луѓе;
  • Знае да ги „придвижи работите“ кога има застој;
  • Не се плаши да поставува прашања, да бара информации и да следи одговорност;
  • Може да работи со технички лица, клиенти, менаџмент и партнери;
  • Има силна лична иницијатива и чувство за одговорност.

Нудиме:

  • Работа на значајни технички, комерцијални и меѓународни проекти;
  • Можност за професионален развој во област на енергетика, дигитализација и иновативни технологии;
  • Динамична работна средина со комуникација со клиенти и меѓународни партнери;
  • Можност за долгорочна соработка и напредување согласно резултатите.

Заинтересираните кандидати можат да испратат CV и кратко мотивациско писмо преку белото копче Аплицирај.

Во насловот на пораката наведете: Апликација – Координатор за проекти и оперативна имплементација.