Електроинсталатер/Електротехничар
-
Категорија
-
Плата
Плата во постојан раст + бонуси на крај на година


Itek Systems го проширува својот тим,
има потреба од вработување на:
Електроинсталатер/Електротехничар
(со или без искуство)
Локација на извршување на работите: Скопје и околина на Скопје
*Обезбеден превоз од – до Скопје, Куманово и Свети Николе
Тип на работен однос: Постојано
Дали сте искусен Електротехничар? Барате стабилност и професионален раст во успешна компанија, дојдете и придружете ни се уште денес!
Itek Systems бара одговорна и посветена личност со искуство да се приклучи на нашиот тим како Електроинсталатер / Електротехничар.
Бидејќи зад секоја успешна компанија стои силен тим посветен на потребите и барањата на клиентите, заедно работиме кон постигнување на целите и заеднички ги прославуваме успесите.
Кои се вашите одговорности:
- Инсталација и одржување на електрични системи во различни типови објекти (станбени, деловни и индустриски);
- Брза и ефикасна детекција и отстранување на дефекти;
- Почитување на безбедносните стандарди и процедури во сите фази од работата;
- Читање и работа според електрични шеми и техничка документација;
- Монтажа и поврзување на електрични ормари, осветлување и електрична опрема;
- Соработка со тимот за навремено и квалитетно извршување на проектите;
- Одржување на работната опрема и грижа за уредноста на работното.
Што бараме:
- ССС во областа на електротехниката (ќе се смета за предност);
- Работно искуство на слична позиција минимум 2 години – за кандидати со претходно искуство;
- Познавање на електрични инсталации, алати и електрична опрема;
- Способност за читање на електрични шеми и техничка документација;
- Одговорност, прецизност и посветеност во работата;
- Тимски дух и добра комуникација со колегите;
- Желба за учење, усовршување и професионален развој;
- Способност за самостојно и организирано извршување на работните задачи;
- Возачка дозвола категорија Б (ќе се смета за предност);
- Подготвеност за работа на терен и почитување на безбедносните стандарди.
Што нудиме:
- Редовни месечни примања и навремена исплата на К-15, со дополнителни бонуси на крајот на годината;
- Плата во постојан раст и можност за наградување според резултати;
- Бонуси за успешно завршени проекти;
- 24/7 дополнително колективно здравствено осигурување;
- Обезбеден превоз од местото на живеење;
- Сигурно работно место со долгорочни планови и договори;
- Континуирани обуки и тренинзи со можност за кариерен напредок;
- Фиксно работно време во прва смена;
- Подарок за роденден, свадба, принова;
- Велигденски бонуси;
- Компанијата организира и целосно покрива team building активности;
- Бонус за препорачан пријател на работа.
Како да аплицирате?
Испратете ја вашата биографија преку белото копче Аплицирај или контактирајте не на 02/2776 567.
Не чекајте – станете дел од нашето
успешено и растечко тимско семејство!
Зачлени се во нашиот Е-Огласник
и добивај ги најновите огласи секој понеделник
во твоето Е-сандаче









