Воспитувач и Неговател
-
Категорија
-
Плата
Конкурентна плата по договор (во зависност од работното искуство)


Приватна детска градинка
„International Kindergarten Maximilian“
објавува Оглас за вработување на:
Воспитувач (1 позиција) и Неговател (1 позиција)
Нашата мисија е обезбедување на висококвалитетно образование и нега за деца од предучилишна возраст. Во рамките на нашиот тим бараме мотивирани и професионални лица кои ќе придонесат за развојот, безбедноста и среќата на децата во нашата градинка.
ИКМ е дел од Меѓународно училиште Максимилијан, реномирана интернационална образовна институција која постои од 2009 година. ИКМ спроведува ИБ програма на англиски јазик.
Потребни квалификации:
За Неговател:
- Завршено средно четиригодишно образование;
- Важечка лиценца за неговател издадена од Министерството за труд и социјална политика;
- Искуство во областа од најмалку 2 години.
За Воспитувач:
- Дипломиран професор по предучилишно воспитание, воспитувач на деца од предучилишна возраст или педагог за предучилишно воспитание;
- Важечка лиценца за воспитувач издадена од Министерството за труд и социјална политика;
- Искуство во областа од најмалку 2 години.
Вештини и способности:
- Креативност и способност во реализација на програма и дневни активности и активно следење на детскиот развој;
- Одлични комуникациски и меѓучовечки вештини;
- Позитивен и професионален пристап;
- Познавање на англиски јазик;
- Тимски дух и љубов кон работата со деца.
Нудиме:
- Платена едукација и професионален развој;
- Работна униформа;
- Конкурентна плата по договор, во зависност од работното искуство.
Локација: ул. Леринска 11а, Козле
Почеток на работа: Февруари 2026
Работно време: Работно време е 8 часа, од 08:00 до 16:00 часот
Начин на аплицирање:
Сите заинтересирани кандидати можат да испратат своја кратка биографија со назнака на позицијата за која аплицираат преку белото копче Аплицирај.
Само кандидатите кои ги исполнуваат условите ќе бидат повикани на интервју. Вашите информации се строго доверливи.
Контакт за повеќе информации: 070/344 794
Зачлени се во нашиот Е-Огласник
и добивај ги најновите огласи секој понеделник
во твоето Е-сандаче









