Заварувач на челични цевки и профили
-
Категорија
-
Плата
Конкурентна почетна плата (зависно од искуство и вештини)
![]()
![]()
ГМК Технологија е производствена компанија специјализирана за метални компоненти за канцелариски мебел, со долгогодишна соработка со реномирани странски партнери. Производството е ориентирано кон висок квалитет и извоз на европскиот пазар.
Нашиот производствен процес опфаќа:
- Ласерско сечење на цевки;
- Заварување;
- Брусење;
- Електростатско бојадисување.
ГМК Технологија го проширува својот тим,
има потреба од вработување на:
Заварувач на челични цевки и профили
Потребни квалификации:
- Завршено средно образование;
- Претходно работно искуство на слична позиција;
- Познавање на MIG/MAG и/или ласерско заварување (предност).
Задачи и одговорности:
- Заварување на челични цевки и профили според техничка документација;
- Почитување на квалитетни стандарди и рокови;
- Одговорно и навремено извршување на работните задачи;
- Придржување кон мерките за безбедност и користење на заштитна опрема.
Личен профил:
- Тимски ориентирана и одговорна личност;
- Организираност и флексибилен пристап кон работа;
- Прецизност, темелност и трпеливост;
- Професионален однос кон работните обврски.
Што нудиме:
- Стабилна работа во сериозна производствена компанија;
- Можност за професионален развој и напредување;
- Конкурентна почетна плата (во зависност од искуство и вештини);
- Бонус систем според постигнати резултати;
- Можност за брзо зголемување на платата по покажани резултати;
- Работно време: 07:00 – 15:00 часот;
- Обезбеден топол оброк;
- Регулирани права согласно закон.
Аплицирање:
Испратете кратка биографија преку белото копче Аплицирај или контактирајте на: 071/254 222.
Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ги исполнуваат условите.
Сите останати активни огласи од
ГМК Технологија
Зачлени се во нашиот Е-Огласник
и добивај ги најновите огласи секој понеделник
во твоето Е-сандаче










